Атина му забележува на Орбан за изјавата за Македонија

Атина, 15 април 2011 (МИА) - Шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас протестирал кај неговиот унгарски колега Јанош Мартоњи поради вчерашната изјава на премиерот на Унгарија Виктор Орбан на конференцијата за Западен Балкан во Брисел дека е апсурдно да се блокира Македонија поради билатералниот проблем за името со Грција и оти земјата треба да ги почне пристапните преговори со ЕУ.

Друцас, како што пренесува грчката агенција АНА-МПА, на маргините од министерскиот состанок на НАТО во Берлин, му кажал на Мартоњи дека Унгарија како претседавач со ЕУ треба да се држи до институционалните рамки и договори на ЕУ. Будимпешта треба да ги почитува едногласно донесените одлуки на Советот на ЕУ и да разбере дека кога зборува за прашањето за името тоа треба да го прави како претставник на ЕУ и сите нејзини членки, рекол Друцас.

Унгарскиот премиер Орбан вчера на конференција за Западен Балкан во Брисел побара Македонија да ги почне преговорите за членство во ЕУ и покрај нерешениот спор за името.

- Што се однесува до Македонија, тоа е еден од најтешките проблеми, ако треба да го окарактеризирам, ќе кажам дека е чист апсурд. Дури и како претседавач на Советот на ЕУ треба да размислувам како да се обратам, треба да размислувам дали смеам да кажам Македонија, или треба да користам ПЈРМ, тоа е апсурдно. Ако една земја ги исполнува условите, задачите, треба да и се даде шанса на земјата да ги започне преговорите, а после да најде договор со земјата членка. Да не дозволуваме преговори поради политички конфликт е несреќна политичка стратегија. Со Македонија треба да започнеме преговори, истакна Виктор Орбан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...