Средба Милошоски-Лавров

– Во односите меѓу Руската Федерација и Република Македонија воопшто не постојат отворени политички прашања. Наша задача е само да ја продолжиме соработката, порача шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров по денешнатата средба во Охрид со неговиот домаќин македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски.

- Денешната средба е во насока на натамошно искористување на поврзаноста и тежнеењето за заемна комуникација, која историски постои меѓу нашите земји за изградба на современи односи за развивање на соработката во духовно-култураната и во сферата на економијата и инвестициите, како што беше договорено на средбата на претседателите на Руската Федерација и на Македонија Медведев и Иванов минатата година во Санкт Петерсбург, рече Лавров.

Со министерот Милошоски се осврнале на тоа како се одвива исполнувањето на договореното од страна на претседателите на двете земји.
Милошоски истакна дека двете земји споделуваат заеднички вредности, симпатии и културна блискост кои можат да послужат како капитал за надградување на македонско-руските односи како во политичка така и во економска сфера.

- Оваа посета може да биде значаен импулс за отворање ново поглавје во насока на натамошно продлабочување на и онака добрите односи меѓу Македонија и Русија. Таа има современ, но и историски симболизам бидејќи денес се одбележува 150 - годишнината од првото руско дипломатско присуство на територијата на Република Македонија со отворањето на Рускиот конзулат во Битола пред 150 години, рече Милошоски.

На денешната средба било разговарано и за македонско-руската соработка на мултилатерално ниво, особено во рамките на Обединетите нации, Советот на Европа и  Организацијата за европска безбедност и соработка.

- Средбата беше прилика да го запознам рускиот колега со актуелните политички и економски случувања во РМ, но исто така да го информирам за текот на македонско-грчкиот дијалог по однос оспорувањето на уставното име на РМ од страна на Грција рече Милошоски. Притоа тој се заблагодари на принципиелната политика на Руската Федерација од почетокот на македонската независност до денеска, по однос интегритетот на македонската држава и почитувањето на нејзините суверени права.
Во однос економската соработка, оценка на двајцата министри е дека пред Македонија и Русија стојат неискористени потенцијали за нејзино унапредување, и тоа во сите сфери, од енергетиката се до областа на туризмот.

- Ние сме благодарни за вниманието и поддршката на нашата иницијатива за вклучување на Македонија во проектот „Јужен поток“. Спогодбата за затворање на клириншкиот долг меѓу Русија и Македонија ќе отвори нови можности за инвестирање во енергетиката и гасификацијата на Македонија и очекуваме тоа да отвори нова страница во меѓусебната стопанска соработка, рече министерот Милошоски.

Министерот Лавров за гасоводот „Јужен поток“ појасни дека нема политички пречки за вклучување на Македонија во тој проект, со забелешка дека останува на компаниите вклучени во неговата реализација да ја утврдат рутата каде ќе минува гасоводот врз основа на економскиот интерес и оправданост.

- Рутата на идниот гасовод е во фаза на разгледување. Компаниите што ќе го реализираат проектот ќе се водат од економската исплатливост. Но, ние настојуваме во проектот да биде вклучена и Македонија. Колку што ми е познато минатата година во Македонија престојуваше група експерти од „Газпром“, на кои им беа предадени соодветни предлози од македонска страна, кои во моментов се разгледуваат, така што очекуваме како резултат од тој процес наскоро да има и решение,  истакна Лавров.
Во изработка е и билатерален договор за унапредување на соработката и на културно ниво, преку отворање руски културен центар во Скопје, како и македонски културен центар во руската престолнина.

Шефот на руската дипломатија кој во Охрид последен пат бил во 1999 година, на крајот  порача дека по враќањето во Русија на сите негови пријатели, но и на сите руски граѓани преку медиумските извештаи од денешната посета, да го посетат, „ова рајско место“, како што го нарече Охрид и да ја имаат предвид  Македонија при одлучувањето каде да одат на одмор.

- Православна блискост што постои меѓу двата народа претставува дополнителен фактор на привлечност на Охрид и Македонија како туристичка дестинација, рече Лавров. 

Министрите Лавров и Милошоски го потпишаа Заедничкиот план на министерствата на двете земји за редовни консултации за периодот 2011 - 2012 година за кои се очекува да придонесат за поблиска координација во различни области на надворешната политика.

Милошоски воедно, му се заблагодари на неговиот руски колега за архивските документи значајни за историјата и посебноста на македонскиот народ кои денеска ги донесе во Македонија. Станува збор за копии на архивски документи, меѓу кои се три документи од животот и работата на Крсте Петков Мисирков во Русија, како и документ од конгрес во Битола за кревање на Крушевското востание, кој е важен доказ за борбата за македонската самобитност.

Лавров во Охрид се сретна и со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски, ги разгледа културно-историските знаменитости на градот, а ја разгледа и изложбата по повод 150 години од отворањето на Конзулатот на Русија во Битола што е поставена во хотелот „Инекс Горица“.

Престојот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Македонија е дел од неговата балканска турнеја, во чии рамки веќе ги посети Србија и Црна Гора, а ќе ја заокружи со посетата на Словенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...