Презвитер Ивица Тодоров

Воскресението е темел на христијанството

Воскресението Христово е настан кој му дава смисла на создавањето на овој свет

Велигден е празник над празниците, центар на православната вера. За верниците, периодот пред празникот претставува патување исполнето со: покајание, прошка, измирување, молитва, пост и учење. Со доаѓањето на Велигден, се празнува победата на Животот над смртта. Велигден и празниците поврзани со него се подвижни празници, т.е. секоја година паѓаат на различен датум. Симбол на празникот се вапсаните јајца и во последно време декорирањето на домовите на што особено се радуваат децата.

Во пресрет на најголемиот христијанкси празник, Христовото воскресение-Велигден, објаснете го неговото значење?

Воскресението Христово е настан кој му дава смисла на создавањето на овој свет. Ако се она што нашиот Творец го приведе во постоење завршува со конечност, со смрт, со неизвесност – тогаш каква е смислата на се она што постои! Христос/ Месијата воскресна, ја подигна, ја оживеа својата човечка природа, ја ослободи од стегите на смртта и инфекцијата на злото – за со тоа да ни покаже и докаже дека на овој отпаднат свет повторно му е возвратен животот, повторно му е возвратена смислата, повторно му е возвратена вечноста! Всушност, сета оваа вистина пред некое време се обидов да ја изразам со јазикот на поезијата – и еве, тоа е оваа песна:

К Р СТ

Кога пред очи гледам

Крст

во срцето чувствувам

жртва што е'.



Кога во умот мислата моја

со болка исцелувачка исполнета è

и моќта на љубовта што се жртвува

во темелите на она

Јас што сум

навлегува

тогаш

во душата се разлева

живоносна светлина

која одвнатре

ме буди од илузијата на лагата секојдневна

и ме потсетува на Оној

за кого трепери радоста моја.

Ме потсетува на Оној

Кој со Вечниот,Совечен Е.

Ме потсетува на Оној

Кој за нас стана

Јагне невино

во љубовна саможртва Себеси на

Крст

принесено

за да нè измие и

О С Л О Б О Д И

сите нас

преку крвта своја

од злото

што со доброто противници нè прави,

од лагата и гревот

што во омраза не љубовна нè завиваат

и во завист сеуништувачка нè замрзнуваат,

од смртта

што во болни разделби нè фрла,

од злопричинителот –

сатаната

што кон непрестајно животно промашување нè мами.

Од солзи радосници обземен

со дланки очите ги покривам

и во срцето

од допирот Божји размекнато

ослободувачкиот

Крст Христов го чувствувам

и во вечноста рацете на умот ги раширувам

за во благодарност да извикам

Свет си, Свет си ,Свет си

Оче наш

Вечен и беспочетен,

Љубов безгранична и во сè надумна,

со која толку нè возљуби

што Синот Свој

во

жртва

за нас оправдувачка

во нашиот

од Тебе отпаднат свет на

Крст

Го испрати

љубовната вистина на постоењето

во сè да ни ја покаже

да може секој човек,и тука и во вечноста

пред сите да ја докаже.

И затоа секогаш кога пред очи гледам

Крст

гледам

одговор Божји

за солзите од невини очи исплакани

за болниот крик

за предсмртната воздишка

за бесмислениот живот

за страдањето апсурдно

за направената неправда.

И затоа секогаш во Крстот

гледам

воскресение

гледам од смртта ослободување,

во нераспадливост добробитијна

на телото, душата и духот мој

облекување

и за вечност издигнување.


Кога пред очи гледам

Крст

гледам

ВРАТА

широко отворена

и низ неа кон мене

жива вода

вечно свежа дотекува

и со Духот Свет

за вечност ме напојува

и во Царство на

Царот Јагне

ме вселува.


Кога гледам

Крст

кажувам

БЛАГОДАРАМ

за сè

ГОСПОДАРУ НА ПОСТОЕЊЕТО.

Од кога се прославува Велигден?

Воскресението Христово се прославува уште од самиот почеток на христијанството и Црквата, затоа што ВОСКРЕСЕНИЕТО е темел на христијанството. Без воскресението на Месијата, без Неговата искупителна и сеослободувачка жртва на Крстот, христијанството би било само уште една „утешна“ религија во овој свет . Но, со Крстот на Месијата и Неговото воскресение од мртвите – христијанството е ОДГОВОР, ПАТ и ОТВОРЕНА ВРАТА кон онаа состојба на постоење за која сме создадени од нашиот Творец.

На Велигден му претходеше 40-дневен пост. Која е симболиката?

Постот е поттик за одржување на духовната будност (Матеј. 24. 42), односно, на духовната – личната трезвеност. Но, буден може да биде само оној кој не спие, а оној кој спие – за да биде буден – треба првин да се разбуди!

Симбол на празникот се вапсаните јајца. Што овој чин означува?

Бојадисувањето на јајцата е благочестив обичај поврзан со празнувањето на овој празник. Убава е симболиката на јајцето со светот, со нашата планета, црвената боја со искупителната крв Христова, а кршењето на јајцето со воскресението, со објавувањето на обновениот живот! Можеби, понекогаш, претеруваме со значењето на црвеното јајце на Велигден – со што – ја потиснуваме потребата на овој празник по суштински да се проговори за самата смисла на воскресението. Но, според мене, како ќе раснеме и зрееме духовно – ќе го оставаме детинското – и ќе размислуваме и делуваме како зрели луѓе!

Што освен вапсано јајце и поздравот „Христос воскресе - Навистина воскресе” може да подариме на Велигден?

Многу работи! Може да подариме објаснување за воскресението на тие што тоа не го разбираат! Може да подариме добрина, внимание, разбирање. . . за со тоа да воскреснеме духовно некоја душа која спие мртовечки сон поклопена под товарот на егоистичната илузија и суровоста на отпаднатиот од Бога свет!

А еве и од мене еден скромен подарок – делови од Светото Писмо кои ни сведочат за Искупителната жртва на Месијата и за Неговото воскресението.

Убаво е да размислиме за нивната содржина и порака!

Јован. 6, 35 - 44

А Исус им рече: „Јас сум лебот на животот; кој доаѓа кај Мене, нема да огладни и кој верува во Мене, нема никогаш да ожедни.

36 Но ви реков: вие и Ме видовте и не верувате.

37 Се што Ми дава Отецот, ќе дојде кај Мене; а кој доаѓа кај Мене, нема да го избркам надвор;

38 зашто Јас слегов од небото не да ја извршувам Мојата волја, туку волјата на Отецот, Кој Ме прати.

39 А волјата на Отецот, Кој Ме прати, е оваа: од се што Ми дал да не загубам ништо, туку да го воскреснам во последниот ден.

40 А оваа е волјата на Оној што Ме прати: секој што ќе го види Синот и ќе поверува во Него да има вечен живот, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.”

41 Негодуваа против Него Јудејците, зашто рече: „Јас сум лебот што слезе од небото”,

42 и зборуваа: „Зар не е Овој Исус, Јосифовиот син, Чиј татко и мајка ги познававме? Како тогаш Тој вели: ‚Слегов од небото.'”

43 Им одговори Исус и рече: „Не мрморете меѓу себе.

44 Никој не може да дојде кај Мене, ако не го привлече Отецот, Кој Ме прати; и Јас ќе го воскреснам во последниот ден.

Јован. 3, 13 - 21

13 Никој не се искачил на небото, освен Оној Кој слезе од небото, Синот Човечки, Кој е на небото.

14 И како што Мојсеј ја подигна змијата во пустината, така треба да се издигне и Синот Човечки,

15 та секој што верува во Него да не загине, но да има живот вечен.

16 Зашто Бог толку го возљуби светот, што Го даде Својот Единороден Син, та секој што верува во Него да не загине, туку да има вечен живот.

17 Зашто Бог не Го испрати Својот Син во светот за да му суди на светот, туку светот да се спаси преку Него.

18 Кој верува во Него - нема да биде суден, а кој не верува, тој е веќе осуден, зашто не поверувал во името на Единородниот Син Божји.

19 А овој суд е затоа што Светлината дојде на светот, но луѓето повеќе ја засакаа темнината отколку светлината, зашто нивните дела беа зли.

20 Зашто секој, што прави зло, ја мрази светлината и не оди кон светлината, за да не бидат разоткриени неговите дела бидејќи се лукави (osobeno posveti vnimanie na ovoj stih).

21 А оној што твори вистина, оди кон светлината за да се видат неговите дела, бидејќи се по Бога извршени.

Јован. 17, 1 – 26

1. Ова го кажа Исус, па ги подигна очите Свои кон небото и рече: „Оче, дојде часот; прослави Го Својот Син, за да Те прослави и Синот Твој,

2 како што си Му дал власт над секое тело, та на се што си му дал, да му даде вечен живот.

3 А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исус Христос (Јешуа Машиах/ Месија/ Спасител).

4 Јас Те прославив на Земјата; го извршив делото, што си ми го дал да го извршам.

5 И сега, прослави Ме Ти, Оче, во Тебе Самиот, со славата што ја имав во Тебе уште светот пред да настане.

6 Го објавив името Твое на луѓето, што си Ми ги дал од светот; тие беа Твои, и Ти Ми ги даде, и го запазија Твоето слово.

7 Сега разбраа дека се што си Ми дал, е од Тебе;

8 зашто зборовите што си Ми ги дал им ги предадов и тие ги примија и разбраа навистина дека од Тебе сум излегол, и поверуваа дека Ти си Ме пратил.

9 Јас за нив се молам; не се молам за сиот свет, туку за оние што си Ми ги дал, зашто се Твои.

10 И се Мое е Твое, и Твоето - Мое, и се прославив во нив.

11 Веќе не сум во светот, но тие се во светот, а Јас идам кај Тебе. Оче Свети, запази ги во Твоето име оние што си Ми ги дал, за да бидат едно, како што сме и Ние.

12 Додека бев со нив во светот, Јас ги пазев во Твоето име; оние, што си Ми ги дал, ги зачував, и никој од нив не погина, освен погибелниот син, за да се исполни Писмото.

13 А сега се враќам кај Тебе, и ова му го кажувам на светот за да ја имаат во себе Мојата полна радост.

14 Јас им го предадов Твоето слово, и светот ги замрази, зашто тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот.

15 Не се молам да ги земеш од светот, туку да ги запазиш од злото.

16 Тие не се од светот, како и Јас што не сум од светот.

17 Посвети ги со Својата вистина. Твоето слово е вистина.

18 Како Ти Мене што Ме прати во светот, и Јас ги пратив во светот.

19 И за нив јас се посветувам, та и тие да бидат осветени преку вистината.

20 Но не се молам само за нив, туку и за оние што преку нивните зборови ќе поверуваат во Мене,

21 за да бидат сите едно, како што си Ти, Оче, во Мене, и Јас во Тебе; па така и тие да бидат во Нас едно, и да поверува светот дека Ти си Ме пратил.

22 И славата што си Ми ја дал, ним им ја дадов, за да бидат едно, како што сме Ние едно.

23 Јас сум во нив и тие се во Мене, за да бидат во се едно, и да дознае светот дека Ти си Ме испратил, и нив си ги возљубил, како Мене што Ме возљуби.

24 Оче, сакам и оние што си Ми ги дал да бидат со Мене, каде што сум Јас, за да ја гледаат Мојата слава што си Ми ја дал, зашто ме возљуби уште пред да се создаде светот.

25 Оче Праведен, светот не Те позна, Јас Те познав; и овие познаа дека Ти си Ме испратил;

26 и им го објавив името Твое, и ќе го известувам, та љубовта, со која Ме возљуби Ти, да биде во нив, и Јас во нив.

Дела на светите апостоли. 1, 1 – 11

1. Првата книга, Теофиле, ја напишав за се она што Исус го правеше и поучуваше, од почетокот,

2 па се до денот кога се вознесе, откако преку Светиот Дух им даде заповеди на апостолите што беше ги избрал.

3 Ним по Своето страдање им се претстави жив, со многу верни докази, јавувајќи им се четириесет дни и зборувајќи им за царството Божјо.

4 Еднаш кога ги собра, Тој им заповеда: „Не оддалечувајте се од Ерусалим, туку чекајте го ветувањето од Отецот што сте го слушале од Мене:

5 Јован крштеваше со вода, а вие, не по многу дни од денес, ќе бидете крстени со Светиот Дух!.”

6 А тие, кои беа собрани, Го прашаа велејќи: „Во ова време ли Ти ќе го востановиш, Господи, царството Израилево?”

7 И Тој им одговори: „Не е ваше да ги знаете времињата или часот што Отецот ги поставил во Своја власт;

8 но ќе примите сила од Светиот Дух, Кој ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци во Ерусалим и во цела Јудеја и Самарија, и се до крајот на земјата.”

9 И штом го рече тоа, додека тие Го гледаа Тој се подигна, и облак Го подзеде од пред очите нивни.

10 И како што гледаа кон небото додека Тој се вознесуваше, одеднаш пред нив застанаа двајца мажи во бела облека,

11 и рекоа: „Луѓе Галилејци, што стоите и гледате кон небото? Овој Исус, Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде пак на истиот начин како што Го видовте да оди на небото.”


1. Коринтјаните. 15, 1 - 58

1 Браќа, ви напоменувам за Евангелието, Кое ви го проповедав, а кое вие го примивте и во Кое стоите.

2 Преку Него и се спасувате, ако Го држите како што ви проповедав, освен ако не сте поверувале напразно.

3 Ви го предадов најнапред она што го бев и примил, дека Христос умре за нашите гревови, според Писмата;

4 дека Тој беше погребан и дека на третиот ден воскресна, според Писмата,

5 и дека му се јави на Кифа и потоа на Дванаесетте;

6 после им се јави еднаш на повеќе од петстотини браќа, од кои повеќето се живи и до денес, а некои починаа;

7 потоа му се јави на Јаков, и потоа на сите апостоли,

8 а по сите, најпосле ми се јави и мене, како на некое недоносче,

9 зашто јас сум најмалиот од апостолите и не сум достоен да се наречам апостол, бидејќи ја гонев Божјата црква.

10 Со благодатта на Бога сум тоа што сум, и Неговата благодат, која е во мене, не беше напразна, но повеќе се потрудив од сите нив; само не јас, туку Божјата благодат, која е со мене.

11 И така, било јас, или тие, така проповедаме, и вие така поверувавте.

12 И ако се проповеда дека Христос воскреснал од мртвите, како тогаш некои меѓу вас велат дека немало воскресение на мртвите?

13 А штом нема воскресение на мртвите, тогаш и Христос не воскреснал;

14 ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш напразна е нашата проповед, празна е и вашата вера.

15 Би се покажале како лажни сведоци Божји, бидејќи сведочевме против Бога дека Го воскреснал Христос, Кого што не Го воскреснал, ако навистина мртвите не воскреснуваат.

16 Зашто, ако мртвите не воскреснуваат, и Христос не воскреснал;

17 ако, пак, Христос не воскреснал, напразна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови;

18 тогаш и оние, што умреле за Христос, пропаднале.

19 И, ако само во овој живот се надеваме на Христос, тогаш сме ние најбедни од сите луѓе.

20 Но, ете, Христос воскресна од мртвите, и со тоа стана првина за упокоените.

21 Бидејќи смртта дојде преку човекот, така и воскресението од мртвите, стана преку Човек.

22 И како што по Адам сите умираат, така и во Христос сите ќе бидат оживеани;

23 но секој по свој ред: Христос е првиот плод; потоа, при Неговото доаѓање, ќе воскреснат сите што се Христови.

24 А потоа ќе биде крајот, кога ќе Му го предаде на Бога и Отецот царството, односно кога ќе уништи секое началство, секоја власт и сила.

25 Бидејќи Тој треба да царува „додека не ги стави под нозете Свои сите непријатели.”

26 А како последен непријател ќе биде уништена смртта,

27 зашто „сите ги покори под нозете Негови”; а кога се вели: „Се Му е Нему покорено”, очевидно е дека се изоставува Оној, Кој Му потчини се.

28 Кога, пак, ќе Му биде потчинето се, тогаш и Самиот Син ќе Му се потчини на Оној, Кој Му потчини се, за да биде Бог се во се.

29 Инаку, што ќе направат оние, кои се крштеваат за мртвите? Ако мртвите не воскреснуваат, зошто тие тогаш се крштеваат за нив?

30 Зошто, пак, и ние секој час се подложуваме на опасност?

31 Секој ден умирам, браќа, се колнам во пофалбата ваша, која ја имам во Христос Исус, нашиот Господ.

32 Ако во Ефес, човечки речено, се борев со ѕверови, каква е мојата полза? Ако мртвите не воскреснуваат - „Да јадеме и да пиеме, бидејќи утре ќе умреме!”

33 Не лажете се: „Лошите зборови ги расипуваат добрите обичаи!”

34 Освестете се еднаш како треба, па не грешете! Зашто некои од вас не знаат за Бога - за ваш срам го велам ова.

35 Но ќе рече некој: како ќе воскреснат мртвите и во какво тело ќе дојдат?

36 Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре.

37 А кога сееш, не го сееш телото, кое треба да настане, туку голо зрно, на пример пченично или некое друго;

38 но Бог му дава тело, какво што сака, и тоа на секое семе негово сопствено тело.

39 Не е секое тело исто тело: друго е телото на човек, друго е телото на животно, друго на риба, друго на птица.

40 Има тела небесни и тела земни, но друг е блесокот на небесните и друг на земните;

41 друг е блесокот на сонцето; друг е блесокот на месечината, инаков е, пак, на ѕвездите; па и ѕвезда од ѕвезда по блесокот се разликува.

42 Така е и со воскресението на мртвите: се сее за распаѓање; воскреснува во нераспаѓање;

43 се сее во бесчестие - воскреснува во слава; се сее во немоќ - воскреснува во сила;

44 се сее тело душевно - воскреснува тело духовно. Ако има тело душевно, има и тело духовно.

45 Па така е и напишано: „Првиот човек Адам стана жива душа”, а последниот Адам - животворен дух.

46 Но не е прво духовното, туку душевното, а потоа духовното.

47 Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото.

48 Каков е земјениот, такви се и земјените; и каков е Небесниот, такви се и небесните;

49 и како што го носиме ликот на земјениот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.

50 А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.

51 Еве, тајна ви кажувам; сите нема да се упокоиме, туку сите ќе се измениме,

52 одеднаш, за еден миг на око, на последната труба: зашто ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливо, а ние ќе се измениме;

53 зашто распадливото треба да се облече во нераспадливост, а смртното - да се облече во бесмртност.

54 А кога ова распадливо ќе се облече во нераспадливост, и она смртното - во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта”.

55 „О, смрт, каде ти е осилката? О, смрт, каде ти е победата?”

56 Осилото на смртта е гревот, а силата на гревот е Законот.

57 Да Му благодариме на Бога, Кој ни дарува победа преку нашиот Господ Исус Христос.

58 И така, браќа мои возљубени, бидете постојани, непоколебливи и секогаш богати во делото Господово, знаејќи дека трудот ваш пред Господ нема да биде залуден.

И.Николовски



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената ја спушта слушалката по телефонскиот разговор и мажот и и довикнува од дневната соба:
- Не можам да поверувам дека разговараше само половина час!
- Грешка беше!!!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1755.- На иницијатива на големиот руски научник,...
1833.- Во Хамбург е роден Јоханес Брамс,...
1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го откри...
1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич...