Околу 4.700 иселеници се пријавиле за гласање

Вкупно 16.727 граѓани извршиле увид во Избирачкиот список во предвидениот законски рок од 10 дена, изјави на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Борис Кондарко.

- Согласно законот, во следните 10 дена, односно најдоцна до 14 мај ќе бидат обработени сите барања кои се доставени од страна на граѓаните, без разлика дали се работи за запишување или бришење, по што Избирачкиот список ќе се заклучи и ќе биде потпишан од ДИК, рече Кондарко.

Тој додаде дека ноќеска до 3 часот по полноќ бројот на македонски државјани според првичните неофицијални податоци, кои се пријавиле да гласаат во странство изнесува 4.771 лице.

Претседателот на ДИК рече оваа бројка засега е првична и неофицијална со можност за нејзино варирање, но по рокот за обработка кој истекува по наредните три дена Комисијата ќе излезе со официјални податоци за лицата кои се пријавиле да гласаат во странство.

За гласање во изборната единица 7 „Европа и Африка“ се пријавиле 2.901 лице, во изборна единица 8 „Северна и Јужна Америка“ 1.106 лица, а во изборната единица 9 „Австралија и Азија“ 764. Пратениците од овие единици ќе се избираат со цензус од 2 процента од запишаните гласачи.

Според Кондарко, до ДИК вчера за седмата изборна единица листа доставила Нова демократија на Имер Селмани, за осмата изборната единица ПДП, а за првата изборна единица-Република Македонија кандидатска листа доставила СДА – граѓански сојуз. Денеска до ДИК  кандидатски листи за сите изборни единици освен за четвртата и деветтата има предадено ДУИ.

- Листа на независни кандидати до ДИК до овој момент нема доставено. Според нашите информации, во рокот предвиден за собирање на потписи, кој истече вчера, а траеше 10 дена, само една листа на група избирачи-независни кандидати од Куманово се обидела да собере потписи, но е собран доволен број, рече Кондарко.
Законскиот рок за поднесување на листите со кандидати за пратеници истекува вечер на полноќ.

На новинарско прашање во врска со гласањето во дијаспората, Кондарко појасни дека во наредните два до три дена ќе ги обработат пријавите за гласање.

- Ќе видиме во кои ДКП има пријавено помалку од 10 избирачи и таму согласно законот неможе да се одржи гласање. И покрај тоа што ќе бидат формирани избирачките одбори за ДКП за да не се трошат финансиски средства нема да бидат испратени избирачки одбори таму за да се заштедат пари, додаде Кондарко.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...