Иванов се обрати на конференција во Женева

Женева, 10 мај 2011 (МИА) – Ризикот од катастрофи е реалност на денешницата, но и реална закана за иднината, која може да се отстрани само со исполнување на обврските и заложбите кон кои се обврзаа нашите влади во изминатите децении. Најважна обврска на оваа генерација е на идните поколенија да им остави помалку ранлив свет.

Ова го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во обраќањето пред учесниците на отворањето на Третата сесија на Глобалната платформа за намалување на ризици од катастрофи која се одржува во Женева.

Иванов, јави известувачот на МИА од Женева, изрази увереност дека координираниот пристап за намалување на ризиците од катастрофи, за адаптација кон климатските промени и за одржлив развој, преку интегрирани политики и усогласени практични чекори, е најважен влог за побезбедна иднина.

-Република Македонија разви национална платформа за намалување на ризиците од катастрофи. Македонскиот модел заснован врз холистички пристап води до ефективно и ефикасно намалување на ризиците преку интегрирање на расположливи и соодветни капацитети и ресурси на сите административни нивоа, овозможувајќи да се интегрира намалувањето на ризиците од катастрофи во нашите национални стратегии, политики, планови и законодавство, истакна Иванов.

Тој посочи дека Македонија ги прифатила со голем ентузијазам и посветеност обврските кои произлегуваат од претседавањето со Европскиот форум за намалување на ризиците од катастрофи за 2011 година.

- Во текот на македонското претседателство со Процесот за соработка во Југоисточна Европа во периодот 2012-2013 година, иницирав организирање самит за земјите од ЈИЕ кој би се фокусирал на зајакнување на регионалната соработка во овој контекст. Очекувам дека оваа средба ќе ја подигне регионалната свест и одговорност за проблемите и предизвиците кои не познаваат граници, а чии последици се наша заедничка грижа, додаде Иванов,

На Третата сесија на Глобалната платформа за намалување на ризици од катастрофи на тема „Инвестирај денес за посигурно утре-зголемено вложување во локалната акција“, присуствуваат 2.000 учесници од светот меѓу кои лидери, експерти, креатори на политики, владини претставници, претставници на меѓународни организации, невладини организации итн.

Шефот на македонската држава пред отворањето на сесијата се сретна со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за намалување на ризици од катастрофи, Маргарета Валстром.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...