Запленето месо со 7 години изминат рок во Шутка

Скопје, 11 мај 2011 (МИА) - Министерството за внатрешни работи вчера попладне во општина Шуто Оризари, во непосредна близина на штабот на СДСМ, откри и лоцираше две товарни возила-ладилници полни со месо, за кои беше потврдено дека се расипани со одамна изминат рок.

Од МВР информираат дека веднаш по откривањето на ладилниците, ги контактирале надлежните државни инспекторати и побарале асистенција од Пазарната и Ветеринарната инспекција за постапување во рамки на нивните ингеренции.

Во меѓувреме била обезбедена наредба за отворање на ладилниците и одземање на месото, чија употреба би била исклучително ризична по здравјето на лицата кои би го консумирале. Доцна вечерта месото е одземено, а рано утринава пренесено во депонијата Дрисла и уништено.

Од направените проверки, утврдено е дека сопственикот на ладилниците не поседувал никаков сертификат или декларација за месото. Од МВР соопштуваат дека нема никаков документ, ниту кога месото е увезено во Македонија, ниту од каде е увезено, а нема декларација ниту кој е увозникот.

Од првичниот увид на кутиите во кои месото било пакувано, се претпоставува дека најголемиот дел е по потекло од Полска и Данска со рок на траење до 2004 година. Главно станува збор за свински ребра и изнутрици кои за цели седум години го надминале рокот на употреба и чие консумирање може да предизвика сериозни последици по здравјето на луѓето.

Покрај месото, запленета е поголема количина и на палмино масло, односно незаконски поседувана стока која тежела повеќе од три тони, од кои над два тони расипано месо.

Со оглед на синоќешните протести организирани од членови и симпатизери пред штабот на СДСМ, како и можноста да бидат предизвикани несакани инциденти, МВР одлучи денеска да го повика сопственикот на ладилниците со расипаното месо на службен разговор. По извршувањето на разговорот, добивањето на извештаите од другите надлежни органи, како и консултациите со Јавното обвинителство, случајот ќе биде целосно комплетиран и документиран, а против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...