Се укинува визната либерализација за Македонија и Србија

Стразбур, 11 мај 2011 (МИА) - Европската комисија има предлог за суспендирање на визната либерализација за Македонија и Србија, а Европскиот парламент стравува дека земјите - членки на ЕУ можат да ги усвојат механизмите без консултација со нив.

Според европратеничката Тања Фајон, известувач за укинувањето на визниот режим за земјите од Балканот, ситуацијата е алармантна поради бранот на имигранти кои доаѓаат од Србија, и посебно, вели, од Македонија, кои бараат азил во Белгија, Шведска или Луксембург, откако некои земји - членки на ЕУ, на прво место Белгија, побараа од Комисијата да најде решение за овај проблем.

- Европската комисија подготви предлог за воведување на механизми за суспендирање на безвизниот режим. Тој предлог е ставен на маса по прв пат и поради тоа ситуацијата е алармантна,изјави за Радио Дојче Веле, словенечката европратеничка Фајон.

Во моментот кога во Европа се водат сериозни расправи за промена на шенгенските правила, бидејќи има се повеќе и повеќе имигранти од Северна Африка и од другите места во светот, непочитувањето на безвизниот режим од граѓаните на балканските земји, доведоа до алармантна ситуација.

- Поради тоа јас мислам дека би било многу значајно властите во Македонија да го спречат заминувањето на имигранти од кои најголемиот број од нив се припадници на етничките малцински заедници кои бараат азил во Европа. Имаме исто така, информации дека има се повеќе организирани мрежи на луѓе кои се занимаваат со незаконска трговија на луѓе и на незаконски начин ги доведуваат луѓето во ЕУ и Шенген зоната. Тоа се многу сериозни и алармантни информации, нагласува Фајон.

Таа стравува дека предлогот на Европската комисија ќе биде усвоен од земјите членки на ЕУ, без тој да биде разгледуван од Европарламентот.

- Јас стравувам од тоа. Денеска ќе имам средба со комесарката за внатрешни работи Мaлмстром, бидејќи механизмот кој го има подготвено Комисијата за суспендирање на механизмите на безвизниот режим не се познати во детали, ниту колку време ќе трае таа суспензија. Друга грижа, од што исто така стравувам е дека тоа ќе биде механизам кој ќе биде усвоен брзо од земјите членки на ЕУ, без согласност на Европскиот парламент. Тоа значи дека би можеле две или три европски земји членки на ЕУ, кои имаат проблем со баратели на азил многу брзо да го воведат тој механизам за суспендирање, рече Фајон, според која одговорноста за тоа паѓа врз политичарите во Македонија.

Смета дека таквата одлука не би била добра ниту за граѓаните на Македонија, ниту за Србија.

- Слободата на движење е темелно човеково право и европска фундаментална вредност и се надевам дека сите ние ќе си ја завршиме својата работа и ќе бидеме одговорни, но одговорноста е повеќе на страната на политичарите во Македонија, истакна европратеничката Фајон. 

На прашањето што треба македонските власти да направат за да се запре бранот на азиланти, Фајон со став дека тоа е натамошно почитување на условите за визната либерализација кои беа исполнети во 2009. 

- Имавме повеќе разговори, Македонија треба да ги исполни сите услови. Таа веќе ги исполни во 2009 година, но работата со тоа не е завршена. Таа треба да продолжи и понатаму да работи на почитувањето на тие услови. Луѓето треба да знаат што значи безвизен режим, треба да се спречи криминалот, да се гарантира безбедноста на границите. Мислам дека властите добро знаат што е важно и само треба да ги исполнат овие услови, подвлече Фајон. 

Бранот на азиланти од Македонија и Србија се должи пред се на многу лошата социјално-економска положба на ромското население, чии припадници се и најчестите баратели на азил.

- Луѓето кои бараат азил, го бараат бидејќи немаат можност за добар живот и сé што е можно да се подобри нивната ситуација за да останат и имаат услови за добар живот во нивните земји би било корисно. Се разбира тоа значи издвојување на повеќе пари за тоа, заклучува словенечката европратеничка Фајон.

Вчера претседателот на групата на Народните партии во ЕП, францускиот европратеник Жозеп Дол изјави дека тој е против временото враќањето на визниот режим за земјите од Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...