Средба Иванов - Орбан

Скопје, 12 мај 2011 (МИА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска се сретна со премиерот на Република Унгарија Виктор Орбан.

На средбата, како што соопшти претседателскиот кабинет, Иванов му се заблагодарил на Орбан за најавата дека Унгарија  дека ќе ги искористи сите можности да ја промовира важноста од отворање на пристапните преговори за Република Македонија и ќе го постави ова прашање на состаноците во текот на унгарското претседавање со Европската унија. Претседателот Иванов истакнал дека Македонија и нејзините граѓани ја ценат силната и принципиелна поддршка од Унгарија на овој план.

Според соопштението, Иванов нагласил дека не постојат аргументи земјата да биде блокирана во оваа фаза од интегративниот процес во Унијата и оти со одредувањето на датум и почеток на преговорите, Македонија ќе добие дополнителна мотивација за продолжување на реформите.

Двајцата соговорници се согласиле дека отворањето на преговорите за членство на Македонија во ЕУ ќе биде позитивен сигнал и за регионот, и потврда на кредибилитетот на проширувањето на Унијата.

Премиерот Орбан изјавил дека јасен европски интерес е Македонија да го продолжи интегративниот процес во Унијата и посочил оти земјата може да смета на принципиелна поддршка од Унгарија. Според него, билатералните прашања не смеат да бидат пречка во интеграциите, и Унгарија ќе се залага Македонија што поскори да ги отпочне преговорите со ЕУ.

- На средбата заемна констатација беше дека билатералните односи се одлични. Претседателот Иванов го поздрави потпишувањето на Договорот за економска соработка и одржувањето на бизнис форумот, како конкретни чекори во насока на јакнење на економската соработка. Тој ги посочи македонскиот енергетски и банкарски сектор како сфери во кои унгарските бизнисмени можат да се вклучат со инвестиции во Република Македонија, стои во соопштението.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...