Матурантите танцуваа квардил по петти пат

Скопје, 20 мај 2011 (МИА) - Матурантите од 15-ина средни училишта во Македонија, облечени во жолти и во црни маички, денеска напладне на плоштадот „Пела“ во Скопје танцуваа осум минути квардил во рамки на „Матурска парада 2011“ во истовреме со нивните врсници од повеќе земји од Југоисточна Европа.



Манифестацијата почна во 2001 година во Љубљана, а во Скопје се одржува петти пат. Организатори се Дирекцијата за култура и уметност од Скопје и Танцовиот клуб „Ритам плус“, а покровители се Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт.

- Ме радува што вие како млади луѓе го препознавате значењето на оваа манифестација која претставува престижен културолошки белег во државите во кои се одржува. Вие ја користите можноста рамноправно со своите врсници да учествувате во еден европски проект. Со вашето учество во создавањето на една нова традиција на прославување на матурата, вие нашите матуранти од средните училишта на Град Скопје станувате дел од големата интернационална прослава „Матурска парада 2011“, рече скопскиот градоначалник Коце Трајановски на отворањето на оваа манифестација.

Тој им го честита матурирањето и им посака успех во понатамошното образование.

Матурантите пред танцот дадоа заклетва против насилства. Со неа тие ветија дека нема да прават насилства, нема да го поддржуваат насилството и оти против него ќе зборуваат.

Македонските матуранти танцуваа на музика на Штраус синхронизирано со матурантите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Бугарија, Романија, Албанија и Кипар. Музиката по сателитски пат ја презема Македонското радио од Ради Сло Вал 202.

Матурантите ги поздрави и Петер Соренсен, шеф на Делегацијата на ЕУ во Скопје, која секоја година ја поддржува матурската парада. Соренсен им ја честиташе матурата и им посака успех.

Матурантите потоа одиграа салса, а во забавниот дел настапија Кристијан Димитровски и Оливера Ѓорѓовска.

Оваа манифестација има натпреварувачки карактер - да се постигне Гинисов рекорд по бројот на учесници. Во изминатите 10 години рекордот е уриван шест пати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...