Со низа мерки против злоупотреби на визната либерализација

Скопје, 20 мај 2011 (МИА) - МВР во идниот период ќе преземе т.н. репресивни, но и превентивни мерки за информирање и едукација на граѓаните што точно значи визната либерализација, која е нејзината суштина и содржина, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска при посетата на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, каде беа промовирани три нови противпожарни возила.

Јанкулоска истакна дека се работи за активности кои ги преземаат и кои опфаќаат низа мерки, вклучително и измените на Кривичниот законик, каде за организирање нелегална миграција се предвидува и затворска казна.

- Ќе продолжиме и со акциски контроли од мултиресорските тимови, односно инспекциските служби поддржани со припадници на МВР, каде ќе се санкционира работењето на туристичките агенции кои направиле прекршување на прописите, рече Јанкулоска.  

Таа потсети дека изминатиот период одредени поединци и групи на луѓе биле изманипулирани, доведени во заблуда и биле соочени со враќање во Република Македонија.

- Фактите говорат дека досега ниту еден барател од државава не добил азил во западноевропските земји и тоа најверојатно така и ќе остане бидејќи Македонија се оценува како земја во која не постојат ризиците заради кое едно лице може да добие азил, укажа министерката. 

Прашана какви се проценките на Владата и дали има ризик за враќање на визниот режим, Јанкулоска рече дека ќе ги преземат сите мерки и ќе ги искористат сите инструменти за оваа тема да не биде ставена на дневен ред.

- Во овој момент сме фокусирани на активностите кои значат превенирање од ставање на ваква точка на дневен ред, односно дискусија по однос на прашањето. Факт е дека ЕУ, односно западноевропските земји соочени со бранот на бегалци, пред се од Северна Африка и Средниот Исток беа на некој начин принудени прашањето за слободата на движење повторно да го стават на агендата на дискусија на ЕУ, појасни Јанкулоска.

На новинарско прашање дали според Законот за внатрешни работи е дозволено во МВР да се вработуваат лица сторители на кривични дела и колку се продуктивни вработувањата на лица родени 1952/53 година, министерката рече дека законот за внатрешни работи, за полиција и за работни односи ја регулираат материјата на ангажирање на лица во овој ресор. Тие, како што рече, предвидуваат јасни критериуми според кои едно лице може да биде вработено, а со донесувањето на Законот за внатрешни работи критериуми се построги.

Според неа, добро е што тој Закон беше усвоен од Собранието и покрај, како што рече, отпорот на опозицијата во тоа време, бидејќи конечно се става ред и се промовира системот на кариера. - За возраста, се до 40 години работен стаж нашите вработени се цени дека се способни да ги извршуваат своите работни задачи, се додека ги поминуваат здравствените прегледи за физичка и психичка подготвеност. Со Законот за внатрешни работи, предвидено е решение со кое припадниците на МВР заминуваат во пензија со 40 години навршен стаж, како дополнение на онаа општа одредба од законот за работни односи каде во пензија се заминува според навршена одредена возраст, појасни Јанкулоска.

Во МВР, нагласи, сите вработени ги исполнуваат условите предвидени со закон и имаат соодветно образование, кое се однесува на работното место на кое се распоредени.

За бомбата што утрината беше пронајдена утрово под автомобил во општина Аеродром  министерката за внатрешни работи наведе дека експлозивната направа е отстранета безбедно и без никави последици. - Моментно се работи на расчистување на мотивите и на евентуалната цел на поставувањето на ваква екплозивна направа, рече Јанкулоска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...