Изборен молк, денеска гласаат иселениците, раселените, болните и затворениците

Скопје, 4 јуни 2011 (МИА) - На полноќ заврши предизборната кампања и почна 24-часовниот молк пред утрешните предвремени парламентарни избори. Партиите, коалициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во изминатите 20 дена пред електоратот ги претставуваа своите програми и кандидати и ја побараа довербата од граѓаните.

Гласањето в недела на 5 јуни почнува во седум и ќе трае до 19 часот. Право на глас имаат 1.821.122 гласачи кои на 2976 избирачки места ќе можат да се изјаснат за 18 листи со 1679 кандидати. Првпат, тројца од идните 123 пратеници во Собранието ќе се бираат од дијаспората. Во трите изборни единици во странство - Европа и Африка, Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, се поднесени вкупно 19 кандидатски листи, за кои ќе можат да се изјаснат 7.258 македонски државјани, кои се пријавиле за гласање во Дипломатско конзуларните претставништва.

Иселениците гласаат денеска, како и 2.222 лица кои се во притвор или на издржување казна затвор, 407 внатрешно раселени лица и околу 11.000 болни и изнемоштени лица.

ДИК соопшти дека се завршени сите подготовки за изборите, а гласачкиот материјал веќе е доставен до органите задолжени за нивно спроведување.

Парламентарните избори ќе ги следат 7.850 набљудувачи акредитирани во Државната изборна комисија, од кои 7.357 домашни и 483 странски. Од странските најбројни се на ОБСЕ/ОДИХР 235, на Парламентарното собрание на ОБСЕ 47, на Амбасадата на САД 39, делегацијата на Европската комисија 20 и на Советот на Европа 16, а свои набљудувачи ќе имаат и амбасадите на Франција, Словенија, Велика Британија, Русија, Чешка, Австрија, Турција, Кина, Унгарија, Хрватска, Италија и на Словачка во Скопје, Централната изборна комисија на Косово и на Меѓународната кризна група. Меѓу домашните набљудувачи најмногу се од Граѓанската асоцијација МОСТ 4.466, а преостанатите се од уште шест невладини организации.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...