Барањето име со географска одредница може да ја засегне и Бугарија

Љубљана, 7 јуни 2011 (МИА) - Бугарија и Словенија сметаат дека местото на Македонија е во ЕУ и ги поддржуваат напорите на Скопје и на Атина за изнаоѓање конструктивно и обострано прифатливо решение за прашањето за името, истакнаа бугарскиот претседател Георги Прванов и неговиот словенечки колега Данило Тирк на вчерашната заедничка прес-конференција во Љубљана.

- Без сомнение Македонија треба да има европска и евроатлантска перспектива и колку побрзо се реши прашањето за името толку побрзо ќе се и се отвори патот на земјата кон тие организации, изјави Прванов.

Тој, како што пренесува  агенцијата БТА, нагласи дека Бугарија ќе поддржи секое компромисно име што ќе го договорат Скопје и Атина, но предупреди дека „барањето име со географска одредница до извесен степен може да ја засегне и Бугарија би можело да предизвика одредено граѓанско незадоволство“. Како пример ги посочи имињата од типот „Северна“ и „Горна Македонија“.

- Тие не треба да се коментираат со оглед на тоа што дел од „Северна“ и од „Горна Македонија“ е Пиринска Македонија која се наоѓа на бугарска територија и би отворило прашање како во таков случај би се нарекувало населението во тој дел од Бугарија, рече Прванов, но како што наведе, „нека најдат нашите пријатели во Скопје и во Атина заедничко прифатливо име, ние Бугарите ќе најдеме начин да ја изразиме својата конструктивна позиција“.

Словенечкиот претседател Тирк смета дека покрај повеќестраните напори за решавање на спорот, неопходен е силен дијалог на највисоко ниво меѓу Грција и Македонија. Тој изрази увереност дека претставениот список со можни имиња од посредникот на ОН Метју Нимиц е доволен и не треба да се бараат други опции.

- Најважно е двете држави меѓусебно да се договорат. Прашањето може да биде решено ако има волја и храброст кај лидерите на двете земји. Крајно време е тие да најдат решение за проблемот, изјави Тирк на заедничката прес-конференција со Прванов кој вчера престојуваше во посета на Словенија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...