Расветлен случајот за смртта на момчето

Скопје, 7 јуни 2011 (МИА) - Припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“ најверојатно со два удари го усмртил 22-годишното момче кое ноќта во неделата наспрема понеделникот беше пронајдено мртво на плоштадот во Скопје. МВР денеска соопшти дека го расветлила случајот и оти во моментов се разговара со осомничениот, за кој подоцна ќе биде поднесена и соодветна кривична пријава и ќе биде изведен пред истражен судија.

Портпаролот на МВР Иво Котевски изјави дека според наодите од Судска медицина кои МВР ги добило вчера во 16 часот станува збор за насилна смрт на 22-годишното момче од Скопје, по што следува соодветна истрага. Причините за тоа како настанала смртта, додаде тој, ќе се знаат откако ќе заврши разговорот со осомничениот полицаец.

Осомничениот, кој ноќта бил со усна наредба распореден на должност на плоштадот, се пријавил сам кај својот претпоставен и според информациите на Министерството, воопшто не знаел дека момчето починало.

Случајот, како што рече Котевски, на почеток бил пријавен како „незнаена смрт“ имајќи предвид дека надворешно момчето немало видливи повреди на телото. - Беше информиран јавен обвинител и истражен судија по чија наредба телото беше дадено на обдукција во Институтот за судска медицина, која траеше до вчера до 16 часот, додаде тој. Лекарите во судска медицина констатирале телесни повреди и оти најверојатно станува збор за насилна смрт.

МВР го идентификувало момчето денеска, откако завршиле проверките низ системот на полицијата и обезбедените отпечатоци, бидејќи тој е евидентиран во кримиевиденциите на полицијата.

- До моментот кога момчето беше идентификувано ние немавме ниту една пријава од некој негов близок, член на семејството или роднина или пријател, дека тој не се вратил дома. Семејството е информирано врз база на идентификацијата од отпечатоците, така што се очекува тој да биде идентификуван од своите најблиски, изјави портпаролот на МВР.

Во врска со шпекулациите и дезинформациите преку социјалните мрежи пласирани во изминативе два дена, како и со повиците за насилство и протести, Котевски рече дека многу од лицата инволвирани во овие активности биле повикани во полицијата за да се разговара со нив, но оти никој не се пријавил.

- Никој од оние што протестираа не знаеја зошто го прават тоа, туку биле повикани. МВР инсистираше во текот на вчерашниот ден кој било граѓанин кој има такви информации да дојде да го пријави случајот во полиција. Немаше ниту една таква пријава, изјави Котевски.

Ги отфрли информациите дека има празнина во информирањето за случајот, потсетувајќи дека уште вчера изутрина МВР ги соопшти деталите со кои располагаше дотогаш.

- За жал, одредени лица и групи го злоупотребија моментот односно ситуацијата дека починатото лице не беше идентификувано и не беше познат сторителот и повикуваа на насилни протести. МВР најостро ги осудува сите вакви обиди и во иднина ќе спречиме да се предизвикаат инциденти врз база на дезинформации и шпекулации, изјави Котевски. Исто така, посочи дека ниту еден медиум од оние кои објавија снимки на заштитени сведоци не се пријавил во МВР да помогне во истрагата.

Котевски потврди дека убиеното момче со себе носело симболи на ВМРО-ДПМНЕ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...