Почина затвореник во скопскиот Ургентен центар

Скопје, 7 јуни 2011 (МИА) - Во Ургентниот центар во Скопје денеска почина затвореникот Али Ахмет.

- Осуденото лице Али Ахмет (1982 година), осуден со 30 пресуди на Основниот  суд Скопје 1 – Скопје  за кривични дела „тешка кражба“,  20 пресуди за кривични дела „кражба“ и една пресуда за кривично дело „разбојничка кражба“, на единствена казна затвор во траење од 15 години, денеска почина во Ургентниот центар во Скопје, соопшти Управата за извршување на санкциите при Министерството за правда.

Казната затвор Ахмет почнал да ја издржува во  2002  година,  а требало да му заврши на 05.05.2017 година. Ахмет бил зависник од опојни дроги и бил на метадонска терапија.

Во соопштението од Управата за извршување на санкциите се наведува дека службените лица околу 11:15 часот забележале влошување на здравствената состојба на осуденото лице поради што веднаш бил однесен во Ургентниот центар во Скопје каде е констатирана смртта.

За настанот е известен истражен судија, јавен обвинител,  а телото на починатиот е предадено на Институтот за судска медицина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Мујо му раскажува па Суљо:
"Замисли, Суљо, со Хасо бевме во шумата кога почна страшно невреме. Отидовме кај него дома, ама дождот не престануваше, па останав да преспијам. И така...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на Црвениот крст и на Црвената...
1688.- Роден е Ален Рене Лесаж, француски...
1794.- Во Париз умре Антоан Лавоазје, француски...
1828.- Во Женева е роден Жан Анри Динан,...