Во Велес почнуваат 48. Рацинови средби

Велес, 8 јуни 2011 (МИА) - Во градот на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, Велес денеска и утре ќе се одржат 48. Рацинови средби.

Средбите, традиционално ќе започнат на Спомен-костурницата и на двата споменика на Рацин во Велес,  каде беседа ќе одржи поетот Ристо Лазаров.

Свеченото отворање на Рациновите средби е вечерва во 21 часот во Младинскиот парк. Беседа за Рацин ќе одржи професорот Ѓорѓи Сталев, по што ќе се одржи  меѓународниот поетски митинг на кој ќе учествуваат  осум поети од странство и тоа од Романија, Грција, Бугарија, Србија и Украина, како и 14 поети од Македонија, од кои четворица од Велес.

На отворањето на Рациновите средби ќе настапат и маестро Борис Трајанов и велешкиот идол Мики Секуловски.

На средбите ќе има и грнчарска работилница во Музеј спомен-куќата на Рацин и Симпозиум на тема „Прозата на Рацин‘‘.

Средбите ќе завршат утревечер со програмата „Мугра“, кога за Рацин ќе зборува проф. Златко Кујунџиќ, македонист, актуелен хрватски амбасадор во Република Македонија и добитник на Почесното Рациново признание за 2011 година.

Ќе бидат доделени и Рациновите награди - Рациновото признание  за 2011 на писателот Владимир Попов и Почесното Рациново признание на  проф. Златко  Кујунџиќ. Вечерта ќе биде збогатена со настапот на Зоран Џорлев  и неговиот оркестар.

Како новина на средбите првпат ќе учествува невладиниот сектор од Велес и здружението „Разбој‘‘,  литературниот клуб „Кочо Рацин‘‘, ученици од велешките училишта и вработени во музејот и театарот. Првпат на Рациновите средби ќе се промовира и ќе се крене знамето на Рациновите средби во жолто-кафена боја  на кое е прикажан Рацин и неговиот потпис.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...