Умберто Паскали: Ова е војна на пропаганди, а народот се користи како топовско месоСкопје, 12 јуни 2011 (МИА) - Американскиот анaлитичар Умберто Паскали во интервју за програмата ПОРТА на МТВ, кометирајќи ги најновите случување во Македонија, во врска со организираните протести околу смртта на Мартин Нешковски, оценува дека тоа е војна на пропаганди, а народот се користи како „муниција за топовите“.
- Јас би се обратил на македонската младина, да ја следи својата жед и својата страст за вистина и самите да направат истражувања за тоа кој се крие позади оваа операција, вели Паскали.
Овој америански експерт и познавач за случувањата во регионот и во Македонија појаснува како се спроведува таа операрација како војна со информации.
- Се користат најголемите органи на западните сили од британскиот Економист и различни ограноци на Сорос (финансиската моќ), до англо-американското разузнавање (Гласот на Америка) и главните контролори на интернетот (Гугл). Како и во повеќето други обоени револуции, сценариото е многу едноставно и многу примитивно. Целта, премиерот кој штотуку победи на изборите треба да се претстави како зло а народот како угнетен и како народ кој протестира, вели Паскали.
Демонстрантите, според него, се инструирани да користат тактики на здружување во групи преку интернет, твитер, фејсбук и поддршката од големите медиуми финансирана од финансиските моќници. Убиството на младиот човек за време на славењето на победата на ВМРО е само воведот, појаснува американскиот експерт за Балканот.
Одговарајќи на прашањето кои се причините за ваквите протести, Паскали со став - успешната политика на премиерот Груевски и претседателот Иванов во проширувањето на сувереноста и независноста на Македонија. Македонија е, вели Паскали пријател со сите, но не е роб на одредена сила. Македонија остварува добри контакти не само со западните сили туку и со Русија, Кина и Турција.
- Премиерот Груевски имплементира политика на активна дипломатија и економска размена и трговија со секоја држава која е заинтересирана за такво нешто. Би издвоил неколку примери како енергетската политика за Јужниот Тек, Коридорот 8. Независноста и сувереноста се најважниот капитал кој Македонија мора да го брани, но некој не сака независна Македонија, која нема други сопственици и шефови додава Паскали.
Околу можната инструментализацијата на младите демонстранти од некои опозициски партии и каде тоа води, Паскали со порака „Кажете ја вистината. Прашајте го и замолете го народот, посебно младината, да се бори за вистината, револуција против манипулирањето“.
|