Македонија подготвена да се справи со веротоксичната ешерихија коли

Скопје, 13 јуни 2011 (МИА) - Лабораторите и другите простории на Институтот за микробиологија и паразитологија во Скопје каде се врши изолација и идентификација на веротоксичната ешерихија коли се опремени со нова опрема и со години наназад работат тестови кои во моментот се најактуелни во светот за докажување на  присуство на таа бактерија која се појави во 11 земји во Европа и има голем број смртни случаи. Досега во Македонија нема случаи на веротоксичната ешерихија коли.

Ова денеска го истакна директорот на Институтот за микробиологија и паразитологија Милена Петровска по работната средба со министерот за здравство Бујар Османи.  

Тој изрази задоволство од фактот што оваа бактерија воопшто не е непозната за експертите во Македонија, кои, како што рече, ја имаат неопходната експертиза иако во моментов нема докажан случај во Република Македонија.

- Сметаме дека превентивата е најважниот момент во вакви случаи. Останува општата препорака до граѓаните да се внимава на хигиената бидејќи оваа бактерија се пренесува по фекоорален пат и дека личната хигиена, миењето на хранливите продукти и термичката обработка остануваат основните столбови на спречување на ширењето. Препорака до граѓаните доколку имаат симптоми меѓу кои и крвава дијареа веднаш да се јават на лекар, истакна Османи.

Проф.д-р Петровска посочи дека во последните две недели имаат многу примероци од пациенти кои имаат сомнителна клиничка слика, а тоа е крвава дијареја, крвава течна столица пропратена со малаксаност и други гастроинтестинални тегоби односно болки во стомакот или нелагодност, но оти не е регистриран случај на заразен со ешерихија коли.

- Пациентите со вакви симптоми да се обратат задолжително кај својот матичен доктор, да не примаат антибиотска терапија која може да биде контрапродуктивна во целата ситуација со ешерихија коли и сите луѓе да посветат внимание на личната и колективната хигиена што подразбира добро миење на сите зеленчуци и овошја кои можат да бидат контаминирани со бактеријата, добра термичка обработка на месото, да се употребува пастеризирано млеко и сокови. Свежо цедените сокови особено надвор од домашни услови можат да бидат ризични. Треба да се внимава на миењето раце бидејќи бактерија со храната и водата влегува во организмот преку устата, рече Петровска.

Ешерихија коли, потенцира таа, може да прими ген со помош на кој создава токсин кој се ресорбира во цревата, а потоа делува на ниво на малите крвни садови во бубрезите, белите дробови, во мозокот и ги нарушува, а предизвикува и нарушување на функцијата на тие органи и тешка клиничка форма.

- Токсинот на бактеријата можеме да го докажеме за половина до три часа со тестовите кои ги имаме, по што следи нејзина изолација во следните 24 до 48 часа. Најбитно е да се докаже отсуството на токсинот на веротоксичната ешерихија коли во изметот на пациентот.  Ешерихија коли во медицината е бактерија која многу лесно може да се рекомбинира и за развој на висока резистенција. За мене повеќе се шпекулации тврдењата на светските медиуми дека ваков тип бактерија е направена по вештачки пат, додаде Петровска.

Одговарајќи на новинарско прашање, министерот Османи истакна дека доколку Комисијата за заразни болести даде препорака да се направи и засилен преглед и контрола по рестораните кои се контролираат по редовна основа, тие тоа ќе го направат преку инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат кои постојано ја следат состојбата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...