Со Охридскиот договор Македонија ја збогати својата самостојност

Скопје, 19 јуни 2011 (МИА) - Со потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, Македонија ја збогати својата самостојност, независнот и сувереност со стремежот за стабилна и функционална мултиетничка демократија, истакна претседателот Ѓорге Иванов на денешниот прием по повод 10 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

- Во изминатите 10 години одново ја откривме, спознаваме и надградивме нашата најголема вредност што е воедно и наша најголема сила, вековната традиција на соживот и толеранција со која се гордееме, традиција што е во сржта на македонскиот модел на интеграција без асимилација, со почитување на постоечките културни, етнички, јазични, религиски и други различности, нагласи Иванов.

Охридскиот договор, потенцира, е само легитимација на заветот што во наследство ни го оставија нашите татковци - сакај го соседот свој.

- Инклузивниот модел е еден од темелите на нашата безбедност, стабилност и економски просперитет бидејќи создава поволни услови за градење внатрешен мир. Но, како и секоја вистинска демократија, зборуваме за процес, а не за завршен проект. Токму затоа секојдневно го надградуваме и усовршуваме овој наш заеднички модел кој подразбира уживање на правата, но и почтиување и споделување на одговорностите што произлегуваат од уставниот поредок, рече шефот на државата.

Според него, стремежот на Македонија кон европската и евроатлантската иднина е јасен и недвосмислен за што зборува и огромната поддршка од сите граѓани. Тоа е јасен знак по кој пат треба да се продолжи.

- Децениското македонско искуство покажува дека независно колку една земја е територијално мала, таа е силна толку колку што е силен стремежот на сите нејзини граѓани,  напомена претседателот Иванов.

Охридскиот договор беше потпишан на 13 август 2001 година меѓу лидерите на тогашните најголеми политички партии и специјалните претставници на САД и на ЕУ.

Денешниот прием кај претседателот Иванов беше и во чест на учесниците на конференцијата „Охридски рамковен договор:кон членството на Македонија во Европската унија и во НАТО“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...