Конститутивната седница на новиот состав на Собранието на РМ во сабота

Скопје, 22 јуни 2011 (МИА) - Во сабота напладне ќе се одржи конститутивната седница на новиот состав на Собранието на Република Македонија. Ова беше договорено на денешната работна средба во Кабинетот на актуелниот претседател на Парламентот Трајко Вељаноски. На собраниската седница в сабота ќе биде избран и новиот собраниски претседател.

На денешната подготвителна средба присуствуваа Силвана Бонева од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ, од Талат Џафери од ДУИ, Имер Алиу ДПА и Изет Зеќири од НДП, како и Љубисав Иванов-Ѕинго, кој како најстар пратеник треба да претседава со конститутивната седница.

На дневен ред на седницата ќе бидат четири точки и тоа избор на верификациска комисија, потоа верификација на мандатите на новите пратеници, како трета точка е избор на членовите на Комисијата за избори и именувања и четвртата точка ќе биде избор на претседател на Собранието.

До петок, до крајот на работното време, партиите треба да достават предлози за членови на Комисијата за избори и именувања, која до Собранието треба да достави предлог за избор на претседател на Собранието.

Јани Макрадули, пратеник од СДСМ по средбата изјави дека очекува конститутивната седница да помине во најдобар ред и согласно законот најголемата опозициска партија ќе има едно потпретседателско место. Коалицијата предводена од СДСМ, како што рече тој, ќе ја искористи предноста што ја нуди можноста за формирање повеќе пратенички групи наместо една на опозицијата, како што беше досега.   

Во Државната изборна комисија (ДИК) денеска новите народни избраници ги подигаа решенијата за избор за пратеници.

Мандат во новиот состав доби и актуелниот претседател на Собранието Вељаноски, кој по подигнувањето на решението од ДИК изјави дека очекува овој парламентарен состав да ја внесе Република Македонија во НАТО и да го означи почетокот на преговори за полноправно членство на земјата во Европската Унија. Не одговори дали ќе остане на позицијата прв човек на Парламентот.

Новиот собраниски состав ќе брои 123 пратеници. Првпат во собраниските столчиња ќе седнат тројца пратеници од дијаспората.На предвремените парламентарни избори, што се одржаа на 5 јуни, најмногу пратеници освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 56, СДСМ 42, ДУИ 15, ДПА 8 и НДП 2.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...