Помалите етнички заедници немаат иста полза од механизмите за заштита на нивните права како поголемите

Скопје, 22 јуни 2011 (МИА) – Не сите етнички заедници во Македонија имаат еднаква корист од механизмите за заштита на нивните права како употребата на јазиците, на симболите на заедниците, правичната застапеност, посебните процедури за гласање и општинските комисии за односи меѓу заедниците. Тоа е случај со помалите етнички заедници како турската, српската, влашката и босанската заедница во помалите општини. Причината е во постоењето прагови кои треба да се исполнат, а кои овие заедници поради нивната распрснатост не се во можност да ги достигнат. За ефикасна примена на овие механизми потребна е нивна целосна и навремена примена.

Ова го истакна Ајслинг Лион докторант на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија во излагањето на денешниот настан насловен „Ефективно политичко учество на помалите етнички заедници во локалната самоуправа: Влијание на Охридскиот рамковен договор“ организиран од Центарот за регионални истражувања и соработка „Студиорум“.

Според неа станува збор за комплексно и чувствително прашање кое не секогаш зависи од политичката волја, туку и од практичните услови, како немањето финансии за плаќање на преведувачи. Таа посочи дека и ЕК во двата последни извештаи за земјата ја нагласува потребата за зголемување на застапеноста на помалите етнички заедници, вклучувајќи ги и случаите каде Македонците се малцинство. Во однос на Бадентеровиот принцип на гласање, Лион се потпира на резултати од локални истражувачки институти, според кои, вели, овој механизам многу малку се користи при гласањето во локалните совети и оти тоа треба да се промени оти станува збор за важен механизам.

Проблеми има и кај двојното гласање кое е во прилог на поголемите малцинства отколку на помалите, затоа што тие на крајот сепак се маргинализирани, оценува Лион.

Во однос на работата на комисиите за односи меѓу заедниците, треба да се работи на нивната одржливост, а од податоците на ЗЕЛС, вели, произлегува и оти не сите етнички заедници се подеднакво застапени, особено тоа е случај со застапеноста на Ромите.

Абдула Касуми државен советник во Секретаријатот за исполнување на Рамковниот договор кој има за цел координација, следење и мониторинг на спроведувањето на Договорот, прогрес има во однос на употребата на јазиците во општините.

- За правичната застапеност на помалите етнички заедници во јавната администрација беше објавен оглас за вработување на 220 припадници на овие заедници. Тој процес е завршен и наскоро овие лица ќе бидат распоредени во органите на управата. И во буџетот на држвата за 2012 години предвидени се средства за постигнување на правичната застапеност, рече Касами.

Потврди дека со застапеноста на Ромите има проблеми, но тоа се должи, вели, на нивната недоволна информираност, како и на немање кадри кои ги исполнуваат условите за вработување во администрацијата.

Настанот го отвори проф. Томе Груевски во својство на претседател на „Студиорум“, кој истакна дека целта на форумот е да се разгледа проблемот на застапеноста на помалите етнички заедници од повеќе аспекти, проблемите кои стојат зад тоа како и можностите за нивно надминување.

На денешниот настан беа промовирани и двата последни броја на списанието „Евродијалог“, кое разработува европски прашања.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...