Средба Груевски - Филе во Брисел

Брисел, 23 јуни 2011 (МИА) - Премиерот Никола Груевски денеска во Брисел се сретна со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

На средбата Груевски информирал за агендата на реформи кои се преземаат за исполнување на Копенхашките критериуми за членство, а во однос на името посочил детали од процесот за наоѓање решение за отвореното прашање со Грција. Тој при тоа искажал силна волја и посветеност за решение и деблокирање на европските и евроатлантските интеграции на Република Македонија.

Филе од своја страна ги поздравил доброорганизираните избори, а станало збор и за реформите, особено во делот на судството и администрацијата, и за борбата против корупција.

Тој потенцирал дека крајот на 2011 е добар момент за Западен Балкан за проширување.

Еврокомесарот Филе со премиерот Груевски договориле и заедничка работа на реформите.

Премиерот, придружуван од министерот за надворешни работи Антонио Милошоски и шефот на неговиот кабинет Мартин Протоѓер во Брисел ќе присуствува и на Самитот на Европската народна партија, политичка групација која ги обединува партиите со десна и десно центристичка ориентација во Европа.

Европската народна партија претставува најмоќна политичка сила во Европа, и во неа, меѓу другите, членуваат партиите на германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, унгарскиот премиер Виктор Орбан, како и партијата на актуелниот претседател на Европската Комисија Жозе Мануел Баросо. 

На маргините на Самитот на Европската народна партија, денеска во 17:30 шефот на македонската Влада во Брисел ќе се сретне со грчкиот колега Јоргос Папандреу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...