Министерката Јанкулоска на ГП „Табановце“ ги промовираше информативните летоци за странските туристи

Скопје, 23 јуни 2011 (МИА) - Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност на патниот сообраќај, го посети Граничниот премин „Табановце“ каде што учествуваше во заедничката промоција на новиот пропаганден материјал, односно информативните летоци наменети за странските труристи кои доаѓаат или транзитираат низ Република Македонија.

Станува збор за флаери што содржат корисни информации околу сообраќајната и друга легислатива што важи за сите учесници во сообраќајот на територијата на Република Македонија. Информативните летоци се испечатени на осум странски јазици, а ќе бидат дистрибуирани на сите гранични премини.

- Преку оваа кампања на почетокот на летната сезона, ги информираме патниците за сообраќајните правила кои важат на територијата на Македонија,начинот на плаќање на казните доколку се стори прекршок, а воедно се вметнати и корисни информации за адресите и контактите на дипломатските претсавништва, се со цел престојот во државава на патниците да им биде што е можно попријатен.Во минатото,често,поради недоволна информираност,возачите кои поминуваа низ државата се соочуваа со непријатни ситуации во смисла на прекршочни казни и во смисла на функционирање на институциите во Македонија, изјави Јанкулоска.

Таа потенцира дека посетата на граничниот премин ја искористила и за запознавање со бројката на патниците кои што влегле во државата последниве шест месеци, како и за времето за чекање при влез во државата.

- Ова е најфрекфентен граничен премин исто како и ГП Богородица. Денеска разговаравме и за координацијата на граничните служби како и за координацијата на сите гранични премини во државата, рече министерката за внатрешни работи. 

Што се однесува до бројката на лица на кои не им е дозволен излез од држвата, министерката потенцираше дека станува збор за 720 лица. Јанкулоска истакна дека целта не е само намалување на бројката на лажни баратели на азил, туку целосно елиминирање на ова појава.

- Ние ја разгледавме состојбата, ги преиспитавме мерките, ќе продолжиме не само со намалување, туку и со целосно елиминирање, подвлече министерката Јанкулоска.

Во денешната капања учествуваше и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Никола Ангеловски.  

Полициските службеници на овој граничен премин ја информираа министерката Јанкулоска и за актуелната состојба на „Табановце“, како и околу подготовките кои се прават во пресрет на новата туристичка сезона, односно зголемената фрекфенција на патници, како и за активностите што се превземаат во рамки на интензивната кампања на Владата на Република Македонија за превенирање на појавата на лажни азиланти и спречување на истите во намерата да ја напуштат земјата и без основ да бараат азил во западноевропските земји.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Како чука срцето на една плавуша.
- Тупа-глупа, тупа-глупа, тупа-глупа...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1562. - Во Мадрид е роден Феликс Лопе де Вега,...
1758.- Британците го окупираа Сенегал.
1763.- Умре францускиот писател Прево, познат по...
1783.- Последните британски војници го напуштија...