Изразена подготвеност за изнаоѓање решение за прашањето за името

Брисел, 23 јуни 2011 (МИА) - Премиерот Никола Груевски и грчкиот колега Јоргос Папандреу на денешната средба на маргините на Европскиот Совет во Брисел изразиле подготвеност за изнаоѓање решение околу прашањето за името, решение кое би се остварило низ дијалог и динамичен процес под покровителство на ОН, соопшти македонската делегација.

На средбата која е дел од континуираниот македонско-грчки дијалог и е во насока на подобрување на квалитетот на односите меѓу двете земји двајцата премиери разговарале  за прашањата од взаемен интерес, економските ситуации и предизвици во двете земји и за состојбите во регионот.

Претседателот на Владата на Република Македонија денеска во Брисел имаше средба и со еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

- Две илјади и единаесетта година може да биде година на можност за процесот на проширување на Западен Балкан и ние сакаме да се осигураме дека Скопје е меѓу оние земји во регионот кои водат на патот кон подлабоко интегрирање во Европската унија, соопшти кабинетот на Филе.

Заедно со високиот претстваник на ЕУ Кетрин Ештон тие ги поздравија  транспарентните и демократски избори, особено денот на изборите и врз основа на тоа очекуваат брзо формирање на новата влада. 

На средбата со  комесарот Филе, Груевски го информирал  за реформите кои ги презема владата  за исполнување на Копенхашките критериуми за членство, а договориле и понатамошна интензивна соработка за спроведување на реформскиот процесс во областа на судството, јавната администрација и борбата против корупцијата.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по средбата на премиерот Груевски со еврокомесарот Филе изјави дека евроинтегративниот процес останува приоритет на новата македонска влада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...