Конференција за искуствата од Охридскиот рамковен договор

Скопје, 24 јуни 2011 (МИА) - „Една деценија по Охридскиот рамковен договор - Поуки (да бидат) научени од македонското искуство“ е тема на меѓународната конференција што од денеска до недела се одржува во Скопје.

Вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор Абдулаќим Адеми го оцени договорот како значајно политичко постигнување на Македонија и нејзините граѓани, а поддржан од меѓународната заедница.

- Многу меѓународни организации го посочуваат како модел за решавање на чувствителни прашања во едно мултиетничко општество, рече Адеми.

Тој посочи дека меѓуетничката толеранција е карактеристика на развиени демократии, а такво нешто може да се види и во Македонија денес.

- Затоа не гледам причина зошто земјата не може да стане дел од големото евроатланско семејство во блискат иднина, додаде вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот рамковен договор.

Позитивните ефекти од Охридскиот рамковен договор, според професорот Флориан Бибер од Центарот за ЈИЕ при Универзитетот од Грац, Австрија, произлегуваат од повеќе причини.

- Тој е успешен во тоа што спречува понатамошни конфликти, но и воспоставува политичка рамка со која веројатноста за конфликтот е елиминирана. Македонија претставува успешен модел во справувањето со етникуми и демократскиот систем. Многу научници го класифицираат македонскиот систем на поделба на власта како либерален, истакна Бибер.

Конференцијата е во организација на Центарот за истражување и креирање политики во партнерство со германските фондации Фридрих Еберт и Конрад Аденауер и Институтот Отворено општество (Фондот за тинк тенкови).

 

Целта на конференцијата, според Марија Ристеска, извршен директор на ЦИКП е да обезбеди дебата за прашањата поврзани за Охридскиот рамковен договор, процесот на негова имплементација, а во исто време да обезбеди докази за постигнувата од неговата имплементација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...