Верификувани мандатите на новите пратеници во Собранието на Р.М

Скопје, 22 јуни 2011 (МИА) - Собранието на Република Македонија на денешната прва конститутивна седница едногласно ги верификува мандатите на новите 123 пратеници во законодавниот дом.

Предлогот за верификација на мандатите го даде Верификациската комисија, формирана на денешната конститутивна седница, по разгледувањето на извештајот на ДИК со конечните резултати од парламентарните избори на 5 јуни.

Со верификацијата на мандатите, на пратениците кои се членови на Владата или извршуваат други функции им престанува досегашната функција.

На дневен ред на седницата што ја води најстариот пратеник Љубисав Иванов од Социјалистичката партија, покрај избор на претседател и членови на Верификациска комисија и верификација на мандатите на новите пратеници, се и избор на членовите на Комисијата за избори и именувања и изборот на претседател на Собранието.

Ова е седми состав на Собранието од независноста на Република Македонија во 1991 година, и прв што ќе брои 123 пратеници.

Првпат во собраниските столчиња ќе седат тројца пратеници од дијаспората откако македонските државјани во странство добија право глас, а дел од нив и го остварија на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

Најмногу пратеници на вонредните парламентарни избори освои коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ 56. Коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) доби 42 мандати, Демократската унија за интеграција (ДУИ) - 15, Демократска партија на Албанците (ДПА) - 8 и Националната демократска преродна (НДП) - двајца. Првпат во Собранието ќе седнат и двајца пратеници на НДП, чиј лидер е Руфи Османи, еден од оние на листата на градоначалници кои се откажаа од своите мандати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...