На ГП Евзони поради штрајк нема да се пропуштаат автобуси и товарни возила

Скопје, 27 јуни 2011 (МИА) - Полициските службеници од Полициската станица за гранична проверка „Богородица“, претпладнево биле известени од колегите од грчка страна кои работат на граничниот премин „Евзони“ дека почнувајќи од полноќ, истите ќе стапат во 48 часовен штрајк.

Освен полицијата, според најавите, соопшти денеска МВР, во штрајк ќе стапи и царинската служба на граничниот премин.

Согласно известувањето, во наредните два дена на граничниот премин Богородица-Евзони, од грчка страна воопшто нема да се пропуштаат автобуси и товарни возила, додека патнички моторни возила можно е да се пропуштаат на секои два часа.

Заради новонастанатата состојба, Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, се подвлекува во соопштението, ќе ги преземе сите неопходни мерки за насочување на сообраќајот кон граничните премини „Стар Дојран“ и „Меџитлија“.

МВР апелира, сите граѓани и туристички агенции кои наредниве два дена планираат да патуваат за соседна Грција да имаат трпение и да го почитуваат режимот на сообраќај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...