МВР на располагање за сите информации поврзани со Мартин Нешковски

Скопје, 28 јуни 2011 (МИА) - Не сакам да се доведам во ситуација да одговарам на хипотетички прашања и да шпекулирам, но уште еднаш можам да потврдам дека ако на кој било начин МВР може да помогне во конкретниот или во друг предмет целосно стои на располагање со сите информации кои ги има.

Ова е одговорот од министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на новинарско прашање на денешната прес - конференција за тоа колку може да се смета за сериозна изјавата на братот на Мартин Нешковски, дека инцидентот што се случил пред околу пет години е причина за несогласувањето меѓу него и полицаецот и дали по таа изјава МВР почна да истражува да најде некаква поврзаност. 

Јанкулоска децидена дека секоја изјава заслужува да биде анализирана. Но, со оглед на тоа што се работи за два случаja што се затворени во судска постапка, подвлече, МВР како институција нема надлежност да ја отвори судската постапка. Таа надлежност ја имаат странките.

Доколку која било од инволвираните страни побара каква било асистенција, помош или информација од МВР, истакна минситерката, тие апсолутно стојат на располагање затоа што е можно да се даде ново светло на кој било случај каде што постапката би се повторила.

- По однос на мотивите, не би сакала да шпекулирам бидејќи како што повеќепати истакнав лицето кое се сомничи за сторено кривично дело убиство во предистражна постапка одби да зборува за мотивите односно одлучи да се брани со молчење. Верувам дека во текот на истражната постапка постои можност ова да се смени односно лицето да даде исказ што би дало едно ново светло на случајот односно би можело да ја води истрагата во насока на утврдување на мотивите, што секако може да значи и нешто ново во однос на постапките кои се завршени, појасни минситерката за вантрешни работи Гиордана Јанкулоска, по прес - конференцијата на која го објави извештајот на Стејт Департментот за 2011 година во кој Република Македонија е рангирана во групата земји кои целосно ги исполнуваат стандардите за борба против трговијата со луѓе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...