Членките на Стопанската комора за туризам на Македонија кои имаат во продажба аранжмани за Грција, заедно со своите партнери од Грција со порака до македонските патници дека во туристичките места ситуацијата е безбедна.
Стопанската комора за туризам со ваков став излегува по апелот да се избегнува патување во поголемите грчки градови, особено во Атина.
Во соопштението се наведува дека летувалиштата во Грција не се засегнати од политичко-економската ситуација во главниот град и оти членките на Комората се во контакт со своите патници.
Тие посочуваат дека не само македонските, туку и светските туроператори со нормален редослед ги вршат своите смени во туристичките дестинации во Грција.