Избрани тројцата потпретседатели на Собранието

Скопје, 12 јули 2011 (МИА) - Светлана Јакимовска од ВМРО-ДПМНЕ, Јани Макрадули од СДСМ и Сузана Салиу од ДУИ се тројцата потпретседатели на Собранието на Република Македонија, кои денеска беа избрани на третата собраниска седница.

Со тоа, првпат Парламентот ќе има две жени потпретседатели, а Салиу е првата жена Албанка што ќе биде на оваа функција.

Во однос на изборот на Салиу за потпретседател на ДУИ, Ермира Мехмети рече дека нејзината академска подготвеност и работното искуство им даваат за право да веруваат дека со изборот на Салиу, Собранието ќе добие уште повеќе на квалитет.

Во расправата за кандидатурата на Макрадули за потпретседател на Собранието, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ се изјасни дека ќе гласа за предлогот само затоа што согласно законот еден од потпретседателите треба да биде избран од редовите на опозицијата, но оти не се согласуваат со кадровското решение што го нуди СДСМ.

Тие се незадоволни од функционирањето на Макрадули како потпретседател во минатиот собраниски состав, особено во времето кога СДСМ го бојкотираше Собранието и му забележуваат за начинот на водење на седниците, како и за неговото лично однесување за време на седниците.

- Се надеваме дека пратеничката група на СДСМ ќе побара пауза и ќе предложи друго решение. Доколку не го стори тоа, ќе го поддржиме овој предлог од единствена причина затоа што тоа е законска обврска, но сметаме дека тоа е лошо решение кое нема да допринесе за подобрување на работата на Собранието и за една конструктивна атмосфера на дијалог меѓу сите политички субјекти, рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Според СДСМ, Макрадули е добар избор за потпретседател кој никогаш ги нема прекршено Уставот и Деловникот за работа на Собранието и има легитимно право да ги брани гласовите на опозицијата добиени на последните парламентарни избори.

- Освен еден-двајца пратеници, Јани Макрадули има најдолг парламентарен стаж и самото тоа го квалификува да биде потпретседател на Собранието, рече меѓу другото Игор Ивановски од СДСМ.

Горан Мисовски од НСДП рече дека неговата партија го поддржува предлогот Јани Макрадули да биде потпретседател на Собранието.

Парламентот ги верификува и мандатите на Сузана Анова и Стевче Трпковски, двајцата нови пратеници по оставките на мандатарот Никола Груевски и Горан Трајковски од ВМРО-ДПМНЕ. Двајцата се од листата на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица еден.

Во рамки на денешната седница беше избран и составот на собраниските комисии, како и шефовите, членовите и заменици членовите на делегациите на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), во Парламентарното собрание на Северно-атлантската договорна организација (ПС НАТО), во Парламентарното собрание на организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ), во Парламентарната димензија на Централно - европската иницијатива (ПД ЦЕИ) и во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...