Постојат шанси за решавање на спорот за името

Атина, 19 јули 2011 (МИА) - Постојат шанси за решавање на спорот за името на Македонија, кој ги оптоварува односите меѓу Скопје и Атина, изјави американскиот државен секретар Хилари Клинтон во интервју за грчката телевизија Скај.

- Јасно истакнуваме дека ги поддржуваме преговорите меѓу Скопје и Атина. Сметаме дека тие преговори нудат можност да се реши спорот, истакна Клинтон.

Американскиот државен секретар истакна оти е јасно дека Македонија нема да може да стане членка на ЕУ се додека не биде решен овој проблем и ја повика Грција да покаже подготвеност за компромис.

Клинтон во неделата допатува во посета на Атина, како дел од нејзината 12-дневна дипломатска турнеја, која ќе трае до 25 јули. Пред Грција, Клинтон ја посети Турција, каде учествуваше и на состанокот на Контакт групата за Либија во Истанбул, а од Атина таа денеска заминува за Индија, по што ќе ги посети и Индонезија, Хонг Конг и јужните делови на Кина.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...