„Расцепен ум“ од Братислав Ташковски, ново издание на „Макавеј“

Скопје, 21 јули 2011 (МИА) - Романот „Расцепен ум“ од познатиот македонски поет и романсиер Братислав Ташковски е најновото издание на Издаваќката куќа „Макавеј“ од Скопје.

„Расцепен ум“ претставува дел од прозната трилогија на Ташковски, во чии рамки  се издадени „Ако даде Господ“ и „Кафез од гревови“.

- Со ова дело Ташковски го продолжува своето книжевно мајсторство низ тема од постреволуционерното турбулентно време во Македонија, кога конфликтните ситуации и идеолошките недоразбирања доведуваат до своевиден климакс, истакнува литературниот критичар Данило Коцевски во препораката кон новиот роман на Ташковски.

Поетот Славе Ѓорѓо Димовски укажува дека „и со овој роман Братислав Ташковски ја потврдува својата творечка моќ која произлегува од силната верба во литературата, а во ова дело на еклатантен начин е раскажана македонската безнадежност како судбина која беше наметната во минатиот век“.

Братислав Ташковски е автор на повеќе поетски книги и публицистички дела.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си биле американец, французин и Трпе.
Американецот се фали.
-Мојата жена е лавица!
-А мојата е тигрица , рекол французот
-И мојата жена не е човек,рекол Трпе!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На...
Верски календар
На денешен ден
1571.- Шпанската морнарица кај Лепанта во...
1849.- Во Балтимор умре Едгар Алан По,...
1879.- Британските трупи извршија инвазија врз...
1885.- Во Копенхаген е роден Нилс Хенрик Давид...