Денеска се одлучува за стечајот на А1 ТВ

Привремениот стечаен управник на А1 телевизија Ацо Петров денес пред Основниот суд Скопје 2 ќе се изјасни околу тоа дали А1 телевизија ќе оди во стечај или пак не.

Петров не прејудицира ништо и истакнува дека неговиот предлог за иднината на телевизијата, поткрепен од финансискиот извештај на А1 ќе го претстави денеска пред судот.

Тој појаснувајќи ја процедурата, вели дека откако пред судиите ќе го соопшти својот финансиски извештај подготвуван една недела, ќе го даде предлогот, по што за истиот ќе се изјаснат претставник на должникот кој може да биде или директорот на телевизијата или пак ополномоштен адвокат и Јавното правобранителство.

Во Јавното правобранителство, кое е застапник на најголемиот доверител на А1, односно УЈП, сметаат дека условите за стечај во оваа фирма се исполнети. Од таму велат дека постојат докази, а исполнет е и главниот услов за стечај, а тоа е блокираната сметка на медиумот во период од 45 дена во континуитет.

Еден од наодите на Правобранителството е дека со неодамна евидентираните и запленети од УЈП возила на телевизијата, преку кои може да се наплати дел од долгот за неплатен данок, не се стопанисувало соодветно и со тоа им била намалена вредноста. Доказите телевизијата да оди во стечај пред Правобранителството ќе ги презентира правобранителот Саша Станчевски.

Доколку денес се отвори стечај за А1 телевизија за која минатата недела беше отворена претстечајна постапка, на сите вработени ќе им бидат прекинати договорите за работа.

А1 телевизија по основ на неплатени даноци на Управата и’ должи 9,4 милиони евра. Телевизијата има и други доверители, како печатниците "Цетис" и "МПМ", потоа "Скопски пазар", на кои им должи стотици илјади евра за добиени, а неплатени услуги.

Изминатите денови, претседателот на Советот за радиодифузија, Зоран Стеваноски, рече дека ќе ја чекаат конечната разврска околу ситуацијата на А1, па врз основа на донесените заклучоци, ќе одлучат што ќе се случи понатаму со дозволата на телевизијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...