Коњаниците го почнаа Илинденскиот марш

Скопје, 27 јули 2011 (МИА) - Триесетина коњаници од Горно Лисиче, денеска од дворот на општина Аеродром го почнаа традиционалниот Илинденски марш во пресрет на одбележувањето 108 години од Илинденското востание.

Учесниците, кои на 2 август треба да пристигнат во Крушево се на возраст од 17 до 57 години, а меѓу нив годинава е и една жена. Придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, зурли и тапани и играорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“ се упатија кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, каде се одржа свечена литургија на која високи свештеници од Македонската православна црква им дадоа благослов на патот кон Крушево.

Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски на коњаниците им посака многу енергија, издржливост и среќен пат до Крушево.

- Илинденскиот марш од Горно Лисиче стана еден од најважните културни настани во општина Аеродром, а без сомнение, се вброи и меѓу најзначајните манифестации во одбележувањето на најголемиот национален празник во Македонија – Илинден, рече Коневски.

Маршот се одржува 33-ти пат во организација на  здружението „Илинденски марш 1978“ и е под покровителство на општина Аеродром.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...