АЕК: Законски е одземена фреквенцијата на А1

Скопје, 31 јули 2011 (МИА) - Фреквенциите на А1 телевизија се законски одземени, изјави директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Орданоски за една од националните телевизии.

Согласно член 62, став 1, алинеја 4 од Законот за радиодифузна, како што посочи, е утврдено дека дозволата за вршење на радиодифузна дејност престанува да важи по сила на закон, во случај на стечај.

- По сила на законот, по објавувањето на стечајот на овој правен субјект, Агенцијата за електронски комуникации има должност да констатира дека и се одзема одобрението за користење на фреквенциите, појасни Орданоски.

Коментирајќи ги реакциите на Здружението на новинари на Македонија, директорот на АЕК истакна дека никој од ЗНМ не контактирал со него, во врска со овој случај. Тој ги повика претставниците на ЗНМ доколку сакаат да разговараат со него за, како што рече, во иднина да не се доаѓа до непријатни ситуации.

Орданоски истакна дека нивното решение се однесува само на одземање на фреквенциите, а не и на имотот како што беше објавено во некои медиуми.

Тој посочи дека доколку телевизијата ги подмири долговите и излезе од стечајот, постои можност за враќање на фреквенцијата.

А1 телевизија е под стечај како резултат на долгот од околу 30 милиони евра, од кој 9,4 милиони евра поради неплатен данок. Останата сума е долг кон други приватни компании.

Во тек е судска постапка против сопственикот на А1 телевизија Велија Рамковски и 22 управители од „Перо Наков“ за затајување на данок, перење пари и злосторничко здружување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...