Во Крушево почнаа чествувањата на Илинден

Крушево, 2 август 2011 (МИА) - Во Крушево од изутрината почнаа чествувањата за големиот празник 2 Август Илинден. Во чест и слава на илинденските борци повеќе делегации положија цвеќе на гробот на Никола Карев, претседателот на Крушевската република.

На гробот на Карев во Македониумот на Гумење се поклони делегација на Собранието на Република Македонија предводена од претседателот Трајко Вељановски и пратениците Силвана Бонева, Арбен Лабеништа, Горан Сугаревски и Николче Ацевски. Претседателот на Парламентот се запиша и во книгата на впечатоци.

Пред гробот на Карев се поклонија делегации на Владата предводена од потпретседателите Владимир Пешевски и Муса Џафери и министерот за надворешни работи Никола Поповски, делегација на Генералштабот на АРМ предводена од генерал Горанчо Котевски, од Кабинетот на Претседателот, од крушевската општина, предводена од градоначалникот Василчо Дончевски, од манифестацијата „Десет дена Крушевска република“ која ја предводи Панде Лазаревски, како и претставници на политички партии и здруженија.

Делегациите се поклонија и им оддадоа почит и на загинатите илинденци пред споменикот во месноста Слива.

Панихида за покој на душите на сите илинденци и на крушевчани кои загинаа во славните и тешки денови на Илинденската епопеја 1903 се одржа во црквата „Свети Никола“ во центарот на Крушево.





Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...