Одбележана десетгодишнината од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Тетово, 8 август 2011 (МИА) - Со полагање цвеќе и панихида во месноста Карпалак,  на автопатот Тетово - Скопје денеска беше одбележана десетгодишнината од загинување на 10-те прилепски резервисти на Армијата на Република Македонија за време на конфликтот во 2001 година.  

Панихидата ја отслужија двајца свештеници на тетовското архиерејско намесништво на МПЦ, а на одбележувањето присуствуваа министерот за здравство Никола Тодоров, заменик - министерот за одбрана Емил Димитриев, пратеникот Антонио Милошоски, како и повеќе роднини, пријатели и сограѓани на загинатите од Прилеп, но и претставници на политички партии, здруженија и граѓани од Тетово и Тетовско.

Возачот на автобусот кој беше нападнат во 2001 година за време на конфликтот во земјата Ацо Јованоски - Реган и братот на загинатиот резервист Пеце Секулоски, Гоце Секулоски, изјавија дека е жално што и по толку време не се нашло решение за соодветно обележување на местото со споменик наместо само со спомен плоча со нивните имиња.

- За овие десет години уште шестмина од резервистите починаа како последица на повредите здобиени при нападот во Карпалак, рече Јованоски.

Претставникот на здружението на резревни воени обврзници од Прилеп Јордан Трајковски го искажа револтот од автентичното толување на Законот за амнестија со кое беа опфатени и Хашките случаи меѓу кои и нападот и загинувањето на прилепските резервисти кај Карпалак.

- Би го прифатиле ова толкување на законот за амнестија како нужна реалност доколку амнестираните сторители ја признаат својата грешка, се извинат пред македонската јавност и ги посетат местата каде што се случиле овие настани, рече Трајковски.

На 8 август 2001 година армиски конвој составен од пет возила и 120 резервисти наиде на заседа кај месноста Карпалак. Во одбрана на независноста, територијалниот интегритет и суверенитет на државата загинаа Нане  Наумоски, Сашо Китаноски, Бранко Секулоски,  Горан Миноски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушидоски и Пеце Секулоски, сите од резервниот состав на АРМ од гарнизонот Прилеп.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...