Рамковниот договор ја постигна целта

Скопје, 11 август 2011 (МИА) - Охридскиот Рамковен договор ја постигна целта, го врати мирот, отрвара можност сите да учествуваат во креирањето на политичкиот и општествениот живот, а во Уставот има амандмани со кои не се дозволува да се дискриминираат етничките заедници, оцени вицепремиерот задолжен за негово спроведување Муса Џафери.

Тој по потпишувањето меморандум со амбасадорот на Велика Британија во Македонија Кристофер Ивон за поддршка за спроведување на Рамковниот договор, одговарајќи на новинарски прашања, нагласи дека 10 години по неговото потпишување состојбата е многу подобрена состојба и има предуслови за, како што рече, да се оди со подобра динамика напред.

- Задоволен сум од тоа како се отвараа перспективите од целиот политички процес кој е сложен не е едноставен и не може лесно да се мери дали беше оптимално развиен или успешен досега, додаде Џафери.

Во врска со Конференција која по повод 10-годишнината од потпишувањето на Рамковниот договор утре и задутре ќе се одржи во Охрид Џафери рече дека се поканети се претставници на институци и НА политичките партии, кои, според него, ќе ги претставуваат учесниците во креирањето и потпишувањето на договорот во 2001 година.

- Не би сакал да прејудицирам дали сите ќе дојдат или не, рече вицепремиерот задолжен за спроведување на Рамковниот договор.

На новинарско прашање зошто албанските претставници од власта и по десет години не одат на одбележувањата на настаните на Карпалак и Љуботен за време нан конфликотот од 2001, тој рече дека тие рани не е толку лесно да се залечат, но смета оти претставниците на политички партии и  на институции сега имаат поголема храброст да се соочат со тие случувања.

- Мислам дека од двете страни има храброст да се даде почит на тие историски моменти. Во таква ситуација,  сите сме свесни дека од оваа гледна точка имаме поинакво мислење, но тоа не може да се поправи. Историјата не можеме да ја поправиме, можеме да ја порпавиме само иднината и да извклечеме позитивни пораки во пресрет на 10-годишнината од потпишувањето на тој мировен договор, додаде Џафери по потпишувањето на меморандумот.

Документот предвидува британска помош за спроведување на Охридскиот Рамковен, за развивање на капацитетот на преведувачите по албански јазик, на државни службеници, собранските служби, судовите и локалната самоуправа, вработените според програмата за правична застапеност. Проектот ќе се реализира во наредните две години, со британска помош вредна 30.000 фунти.

Џафери нагласи дека реформите во јавната администрација продолжуваат да бидат приоритет на Владата.

- Ќе се ангажираме кон креирање на професионална и ефикасна јавна администрација, која ќе биде на услуга на граѓаните во која ќе бидат опфатени претсавници на етничките заедници во земјата, истакна Џафери.

Според амбасадорот Ивон, со проектот ќе се подобрат критериумите кои се потребни за приближување на Македонија кон Европската унија.

Прашан за тоа дали британската помош е мотивирана од согледувањето дека Рамковниот е еден од ретките успешни договори кој донесе мир за еден конфликт и можност за продолжување на животот во една држава слично на договор од Велики петок за Северна Ирска, тој рече оти постојат неколку карактеристики заеднички за сите мировни договори, но оти е тешко да се реализира договорот.

- Договорите бараат да се има разбирање од сите страни најпрво од политичките претставници, односно владата, но и од општеството. Секогаш ќе има мошне остри критики и тогаш е потребна политичка храброст да се остане на патот за спроведување на договорот, рече амбасадорот Кристофер Ивон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...