Пет децении Струшки вечери на поезијата

Струга, 25 август 2011 (МИА) - Струшки вечери на поезијата (СВП) е најстар поетски фестивал на Балканот и најстар со непрекинат континуитет во светот.  Во чест на струшките преродбеници од втората половина на 19 век Константин и Димитар Миладинови и на нивното капитално дело – Зборникот на народни умотворби (Загреб, 1861), група македонски поети во 1962 година  организирале поетско  читање, кое е зачеток на Струшките вечери на поезијата.

Наредната, 1963 година, ним им се придружиле поети од  републиките на поранешна Југославија. Тогаш е востановена наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска книга од македонски автор објавена меѓу две фестивалски изданија. Прв добитник е токму Матеја Матевски, годинашниот носител на „Златниот венец“ на СВП, за стихозбирката „Рамноденица“. Наградата „Браќа Миладиновци“ тој  ја добил и во 1981 година за поетската книга „Липа“.

По неколку години СВП прераснал во интернационален настан, на кој учествуваат истакнати странски поети. Во 1966, на петтите СВП,  е востановена меѓународната награда „Златен венец“,  која му се доделува на светски познат жив поет за неговиот опус или животно дело од областа на поезијата. Признанието се состои од  филигрански изработен златен лавров венец. Прв добитник е рускиот поет Роберт Рождественски.

Академик Матевски е 46-тиот добитник на „Златен венец“ и втор поет од Македонија одликуван со оваа награда, по Блаже Конески (1981). Меѓу лауреатите се и четворица добитници на Нобеловата награда за литература – Пабло Неруда од Чиле,  Јосиф Бродски од  САД, Еуџениот Монтале од Италија и Шејмас Хини од  Ирска. Во долгиот список на добитници на „Златен венец“ се само две жени – Десанка Максимовиќ од Србија (тогаш СФРЈ) во 1988 и Нанси Морехон од Куба во 2006 година.

Во соработка со УНЕСКО,  од 2003 година се доделува наградата „Мостови на Струга“ за најдобра дебитантска поетска книга од млад автор од светот. Добитник  годинава е Хироши Танучи од Јапонија.  

Секоја година фестивалот  се отвора со антологиската „Т’га за југ“ во која Константин Миладинов во стихови го преточил својот копнеж по топлиот југ, родната Струга и езерото додека бил на студии во Москва. Во петте децении фестивалот ги збогатувал своите програмски  содржини и привлекува голем број учесници  од разни страни на светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...