СВП е мост на македонската поезија со другите култури

Струга, 25 август 2011 (МИА) – По 50 години денес можеме да бидеме задоволни дека Струшките вечери на поезијата ја исполнуваат основната замисла. Во време кога ваков вид фестивали се раѓаат и траат две, три, пет години па згаснуваат, не е лесно да се издржи пет децении и без прекин да се одржува фестивалот, рече академик Матеја Матевски, добитник на Златниот венец на СВП оваа година на прес-конференција.

На средбата, на која присуствуваа и голем број гости, почитувачи на неговото дело и странски поети, Матевски истакна дека заслужни за тоа што СВП опстојале во сите економски, политички, административни проблеми  и по сите војни на овие простори се граѓаните и сето македонско културно општество во изминатиот половина век.

- Поетите од Македонија кои го почнаа овој фестивал со право им благодарат и на граѓаните на Струга и на сите во Македонија и странство што придонесоа за развој на фестивалот. Најмногу на поетите од цел свет што му даваат душа и содржина. Во сиот овој период СВП се трудеа поезијата на светот да ја претстават на што подобар начин. Можеби некои учества и приредби не беа на ниво на нашите желби, но фестивалот постојано растеше и се потврдуваше. И самиот сум дел од него и очекувам овој фестивал да продолжи по тој пат, истакна Матевски, кој е меѓу основачите на СВП во 1962 и прв добитник на наградата  ,,Браќа Миладиновци“ што СВП ја доделуваат за најдобра поетска книга од македонски автор меѓу два фестивала.

Одговарајќи на прашања, Матевски негираше дека низ годините имало политика во одлучувањето кој да го добие Златниот венец. Рече дека условот секогаш бил да се избере еден или најзначаен поет на соодветна литература и земја.

- Може да се говори само за културна политика - да се поканат и соберат што повеќе автори од светот. Космополитскиот карактер на СВП придонесе за поврзување на македонската поезија со другите култури и земји, а со самото тоа и за јакнење на врските на Македонија со светот. Сето тоа помага да се афирмира македонската поезија и јазикот на кој се пишува, истакна академик Матевски.

На прашањето дали поезијата е во криза, одговори дека секогаш била, но дека токму кризата од најразличен вид ја поттикнува поезијата да се развива и, како што рече, да докажува дека е жива и дека му е потребна не само на тој што ја пишува, туку и на оној за кого се пишува.

На прашањето како би ја дефинирал поезијата, рече дека тоа е работа на теоретичарите И историчарите, дека поетите се славеи кои мислат И пеат И оти тоа е севкупниот сензибилитет Што го прави еден поет. Смета дека критиката му била наклонета и дека нејзината поддршка го поттикнувала постојано да твори.

- Таа на свој начин го поттикнуваше моето творештво и благодарение на тоа  дел од него е објавено на дваесетина јазици, рече Матевски.

Средбата со годинашниот лауреат почна со непријатна вест за смртта на писателот Петре Бакески, за што Матевски рече дека оставила длабок впечаток во неговото расположение пред вечерашното свечено отворање на фестивалот.

- Од неговата младост го сметам неговото творештво како на поет со восхитувачка енергија во поезијата, но и во прозата, драмата, театарската критика и публицистиката, кој со голем ентузијазам ги имаше организирано и водено Струшките вечери на поезијата. Оваа вест ме потресе и затоа што пред три дена во печатот прочитав песна што тој ми ја посветил мене по овој повод, рече Матеја Матевски.

Портретот на добитникот на Златниот венец ќе биде во сабота, традиционално во црквата Света Софија во Охрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...