Отворени 50. Струшки вечери на поезијата

Струга, 25 август 2011 (МИА) – Фестивалскиот оган е запален вечерва на Мостот на поезијата на Црн Дрим, Струга во наредните четири дена е поетска престолнина во која престојуваат 150 поети од рекорден број 70 земји од светот и стотина македонски поети.

Јубилејните Струшки вечери на поезијата  (СВП) отворени ги прогласи министерката за култура Еизабета Канческа-Милевска. Полувековното постоење на најстариот поетски фестивал на Балканот се одбележа свечено и првпат со оперска изведба на антологиската Т’га за југ на Константин Миладинов од тенорот Благој Нацоски на музика на композиторот Димитрие Бужаровски.

- Четири илјади поети во овие пет децении дојдоа во Струга како во свој дом. Низ духовниот бескрај, во овој град се пренесуваа зборовите на сите бесмртници, носители на Златниот венец. Нобеловата награда за поезија, како што ја нарекуваат струшката награда, беше духовната алтернатива, во која со златни букви во светската книжевна вечност останаа запишани имињата на сите досегашни лауреати, истакна министерката за култура Канческа-Милевска на отворањето на 50-тите СВП, на кое покрај големиот број учесници и гости, присуствуваше и претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Таа изрази големо задоволство што на плејадата поети добитници на престижното принзнание годинава им се придружува и академик Матеја Матевски.

- Тој со својот грандиозен опус на сите јазици и писма, континуирано го дава својот влог во заемното запознавање и почитување на културите и градењето нова димензија во пријателството меѓу народите во светот,  додаде Канческа-Милевска.

Директорот на СВП Данило Коцевски се осврна на зародишот на  фестивалот за што придонел ентузијазмот на генерацијата истакнати македонски поети во 1960-тите години.

- Во едно златно време на нашата современа поезија, на една поетска експлозија која полека се ширеше и надвор од границите на Македонија, а за тоа голем придонес имаше и народната традиција... Струшките вечери на поезијата беа големо училиште на многу македонски интелектуалци и поети. Сите се одушевувавме  од допирот со светската поезија, со светските поети, настани и имиња, со легендите како што се Пабло Неруда, Сенгор, Гинзберг, Тед Хјуз, Шејмас Хини и многу други, рече Коцевски во својот говор за историјатот на СВП од 1962 година.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на Струга Рамиз Мерко, кој нагласи дека за 50 години градот се развил во поезија и мир и дека поетите-учесници го подариле најубавиот јазик.

- Им остануваме засекогаш благодарни на поетите од целиот свет затоа што за половина век откако се оджува овој меЃународен фестивал на поезијата направија од Струга колевка за комуникација меѓу народите, културите и цивилизациите. Вие сте гласноговорници на посреќна иднина на човештвото, истакна Мерко.

Свеченото отворање продолжи со стихови што ги читаа годинашниот лауреат Матевски и петмина поети кои се поранешни добитници на Златниот венец и кои за златниот јубилеј дојдоа во Струга - Хусто Хорхе Падрон од Шпанија, Васко Граса Моура од Португалија, Фатос Арапи од Албанија, Љубомир Левчев од Бугарија и Ференц Јухас од Унгарија. Утре во Струга ќе им се придружи и Нанси Морехон од Куба. Се читаше и поезија од четворица добитници на Златен венец кои се и нобеловци за литературе - Пабло Неруда, Јосиф Бродски, Еуџенио Монтале И Шејмас Хини.

Свеченоста за отворање, која ја осмислија режисерот Дејан Пројковски и сценографот Валентин Светозарев, заврши со спектакуларен огномет и со народната песна „На Струга дуќан да имам“, во изведба на Каролина Гочева и на музика на браќата Тавитјан.

Јубилејното издание на СВП е под покровителтво на УНЕСКО и викендов фестивалот ќе го посети и генералниот директор на ова тело на Обединетите нации Ирина Бокова. Златниот венец на академик Матевски, ќе му биде врачен в недела, на затворањето на поетската манифестација.

Тој е 46-тиот добитник на највисокото признание на фестивалот, кое се состои од филигрански изработен лавров венец. Првпат му е доделен во 1966 на рускиот поет Роберт Рождественски  за најдобра песна, а од 1971 година, кога лауреат бил американскиот поет Вистан Хју Одн, Златниот венец се доделува за творештво.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...