710 пожари во Македонија до 30 август годинава

Скопје, 2 септември 2011 (МИА) - До 30 август 2011 година на територијата на Република Македонија имавме вкупно 710 пожари (сува трева, стрништа, мешана шума, нискостеблеста шума, деградирана шума...), од кои 124 се шумски пожари.

Ова на денешната прес-конференција го соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу.

Тој додаде дека трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување извршиле 404 лета во август и потрошено е повеќе од 1 милион литри вода, исфрлена во вид на водена завеса или бомби.

Салиу информира дека на 7 август годинава имало пожар во општина Лозово, Светиниколско, во селaта Ќоселари и Дорфулија.

- Во Прилепско пожарот се уште е активен, и тоа во општина Долнени, во атарот на селата Слепче и Црнилиште. Таму денеска дејствува авионот на Дирекцијата за заштита и спасување, специјализиран за гасење шумски пожари, рече Салиу.

Во Битолскиот регион, како што рече, на 20 август 2011 година имавме големи пожари во селото Ротино, кои потоа се проширија во Националниот парк „Пелистер“. Во гаснењето на овој пожар се вклучиле општина Битола и АРМ со хелихоптер.

Според Салиу, ова е една од најуспешните акции на Дирекцијата за заштита и спасување бидејќи се спасени НП „Пелистер“, викендичките, како и старите молики, а само еден дел од младата молика е изгорен. Во исто време и во општина Зајас имало пожари, а Салиу потенцира дека и таму се дејствувало соодветно и ефикасно.

На 26 август регистрирани се три пожари кај Галичица, просторот на село Опеница, на патот Охрид-Битола, каде биле вклучени авионите на  Дирекцијата за заштита и спасување. Таму пожарот е изгаснат.

На 27 август 2011 година имало пожари во Богомила и Чашка, кај месноста Лисиче, каде горело неколку дена. Од вчера таму е изгасен пожарот.

На 30 август во Битолско, пожарот во местото викано Скрково кој се ширел кон селото Злокуќани и местото викано Муза е изгаснат. - Изгорени се 150 хектари трева и смрека и нема поголема штета, рече Салиу.

На 30 август во тетовското село Желино настанал пожар од отворен карактер. Изгаснат е и пожарот во општина Студеничани, каде на 30 август годинава горело на местото Осиначни. Салиу потенцира дека е интервенирано и оти од пожарот е спасен Марковиот манастир.

- Во моментов имаме пожар во општина Сопиште, каде гори мешана шума, рече Салиу и додаде дека се дејствува на терен. Тој изрази надеж дека денеска овој пожар ќе биде изгаснат.

Во Кумановско, близу српската граница пожарот е под контрола, но се оставени превентивно екипи за да не се обнови пожарот.

Во Крива Паланка, на 31 август имало четири помали пожари, кои се изгаснати. Во Велешко на 31 август имало пожар на борова шума во село Војница, на површина од 30 хектари. Овој пожарот веќе е изгаснатат.

Салиу рече дека вчера и денеска во Кичевско, општина Вранештица има пожар и оти гори висока трева. Таму дејствуваат од Дирекцијата за заштита и спасување и се очекува денеска овој пожар да биде изгаснат. Вчера истиот пожар се проширил кон Македонски Брод и се уште е активен. Таму гори високостеблеста и мешана шума, дејствува авион и се очекува денеска пожарот да биде изгаснат.

Во Скопско, во атарот на селата Виниче и Страчинци, општина Гази Баба пожарот е изгаснат. Во општина Илинден, кај зоната Бунарџик вчера горела висока трева и пожарот е локализиран.

Салиу истакна дека се собираат информации за тоа колку вкупно хектари шума е изгорено, колкава е штетата и колку финансии се потрошени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...