Скопје, 6 септември 2011 (МИА) - Нови 68 двокатни автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје денеска напладне ќе бидат пуштени во сообраќај, со свечена промоција на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“. Нивна прва дестинација е аеродромот „Александар Велики“ до каде бесплатно ќе ги превезат заинтересираните граѓани на свеченото отворање на аеродромската зграда.
Конвојот ќе го предводи панорамски двокатен автобус. На сите автобуси ќе биде поставено логото „Дваесет години независна Македонија“.
За потребите на ЈСП автобусите се набавени од кинески Јутонг. Дизајнирани се само за Скопје во ретро стил, како што се возеле пред педесетина години. Ги исполнуваат сите потребни стандарди, еколошки се, имаат автоматски управувана рампа за инвалидски и детски колички и целосно се климатизирани.