Случајот „Мавровски работници“ ставен ад акта

Скопје, 6 септември 2011 (МИА) - Судот донесе решение да се запре кривичната постапка за обвинетите во  „Мавровски работници“, еден од хашките случаи. Одлуката е донесена по барање на обвинителството, повикувајќи се на автентичното толкување на членот 1 од Законот за амнестија.

Според усвоеното толкување, членот 1 од Законот за амнестија треба да се толкува така што амнестијата се применува на сите сторители на кривични дела поврзани со конфликтот од 2001 година заклучно со 26 септември 2001 година, освен за лицата кои извршиле кривични дела поврзани и во врска со конфликтот, а против кои Меѓународниот трибунал повел постапка.

Тоа значи дека се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од казна затвор лицата за кои постои сомневање дека подготвиле или сториле кривични дела поврзани со конфликтот во 2001 година.

До Уставниот суд се поднесени претставки по изгласувањето на автентичното толкување на Законот за амнестија, но досега судот не се изјаснил по нив.

Од петте хашки случаи, судот во Хаг го процесуираше само случајот Љуботен, а останатите четири, „Мавровски работници“, „Липковска брана“, „Непроштено“ и „Водство на ОНА“, Хашкиот трибунал ги врати во надлежност на македонските судови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...