Вељаноски ja предаде Декларацијата на независноста

Скопје, 8 септември 2011 (МИА) - Во духот на мотото со кое го одбележуваме овој клучен историски настан, би сакал уште еднаш да се заложам и да повикам на заедничка сплотеност, помирување и посветеност во остварувањето на клучните стратешки цели на Македонија. Затоа, во името на идните генерации и аманетот кој ни го оставија сите оние кои ги вложија животите за денешна Македонија да ја направиме нашата библиска земја уште подостојна за нивните жртви, уште повековита од нивните надежи и уште поубава од нивните соништа.

Ова го истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски на церемонијата на свеченото предавање на декларацијата за независност на Република Македонија од 1991 година, на која присуствува државниот врв, пратеници од сегашниот и од претходните парламентарни состави, министри од сегашната Влада и од претходните влади, дипломатскиот кор...

Првиот парламентарец им ја честиташе дваесетгодишнината од независноста на граѓаните на Република Македонија и истакна дека тие со извонредно висока свест и огромно мнозинство ја понесоа одговорноста за референдумското изјаснување за нашата независност.

Македонија во минатиот век, потсети Вељаноски, имаше историски датуми и настани Илинден 1903-та, АСНОМ 1944-та и 8 септември 1991-та година. Тие, додаде првиот парламентарец, се нашите меѓници на патот кон освојувањето на слободата.

- Третиот Илинден, 8. Септември е последниот во низата проблесоци на македонската национална свест и саможртва, кога Народот на Македонија, референдумски донесе историска одлука нашата татковина да се конституира како суверена и самостојна држава. Три декларации ја одбележаа историската 1991 година. Непосредно по конституирањето на првиот повеќепартиски состав Собранието на 25 јануари ја носи Декларацијата за сувереност. На 17 септември, веднаш по успешно одржаниот референдум на 8 септември, Собранието ја носи Декларацијата за независност. И најпосле, по изгласувањето на Уставот на Република Македонија, Собранието на 25 декември ја носи и третата Декларација за меѓународното признавање на Република Македонија. Тоа се документите со кои беа поставени темелите на независна и демократска Република Македонија, рече Вељаноски.

Граѓаните, како што е истакнато и во самите текстови од декларациите, истакна тој, испишаа нова страница во македонската многувековна историја за заокружување на својата самостојност и сувереност.

- Истовремено, со нив се истакнува и виталната заинтересираност на нашата татковина за вклучување во евроинтегративните процеси. Залагајќи се за строго почитување на територијалниот интегритет и суверенитет, Македонија се заложи за мирно решавање на проблемите по пат на преговори и врз основа на заемно почитување. Накратко, Декларациите ја проектираа Македонија како модерна и демократска држава, која извлекувајќи се од стегата на комунизмот и лажното југословенство тргна по патот на политичкиот плурализам и пазарната економија, рече Вељаноски.

Во изминатите дваесет години постигнавме многу, додаде првиот парламентарец, решивме голем број значајни прашања, поминавме низ многу премрежија, бевме доведувани во многу искушенија кога требаше да се повлекуваат решителни потези...

- Како резултат на таквата политика на втемелувачите на нашата државност, Македонија стана членка на речиси сите значајни меѓународни организации, стана и респектиран партнер во соработката со многу држави во светот. Дваесет години по историскиот 8. септември повторно сме соочени со крупни предизвици. Денес кога судбината не ни зависи од никој друг, туку од нас самите имаме уште поголема одговорност и поголеми очекувања, рече Вељаноски.

Првиот парламентарец искажа уверување дека Македонија ќе ги совлада сите предизвици и искушенија и оти мораме да го заокружиме евроатланско интегрирање и оти ние во најубавата смисла природно му припаѓаме на европското семејство.

- Наш недвосмислен интерес е реално да ги примениме европските стандарди и да ги заокружиме реформите. Наш недвосмислен приоритет е да го приспособиме македонското стопанството да биде уште поконкурентно на европските пазари. Конечно, наша недвосмислена заложба продолжува да биде и развојот на меѓуетничките односи и разбирање, рече Вељаноски.

Големите историски победи, додаде тој, им се случуваат на храбрите, на сплотените и на обединетите.

- Нам ни е оставен аманет од генерациите дејци, преродбеници и херои кои се вградија во темелите на слободна Македонија, никогаш повеќе да не ни се случат поделби и историски грешки. Големите настани и победи во нашата историја се заеднички влог и жртва. Тие се паметник за сите наши граѓани, етнички заедници и политички опции. Нека е вечна и од Бога благословена нашата татковина, Република Македонија, истакна Вељаноски.

Вељаноски ја предаде Декларацијата на армиската гарда, која со свечено дефиле ќе ја пренесе до новиот Музеј на македонската борба, каде што ќе биде внесена во 19 часот и 30 минути од претседателот на државата Ѓорге Иванов. Декларацијата е поставена во дрвен резбан ковчег



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...