Иванов ја постави Декларацијата на независноста во Музејот на македонската борба

Скопје, 8 септември 2011 (МИА) - Овој музеј повикува на историско помирување и ни говори да паметиме за да не ги повториме старите грешки. Овој Музеј е споменик на нескротливиот марш кон слободата, за време на Крушевската Република во чија влада покрај Македонци, имаше и Власи, и Албанци. Ниту еден сонародник од друга националност нема пострадано од рацете на илинденците. Ова е Музеј на слободата за сите и за секој што ја сака слободата.

Ова е пораката што ја упати претседателот на државата Ѓорге Иванов вечерва од пред Музејот на македонската борба, каде беше донесена Декларацијата за независноста, во рамки на прославата на 20 годишнината од независноста на Република Македононија.

Музејот, потенцира Иванов, ги поврзува првиот и вториот Илинден, особено низ феноменот на жртвите.

- Сигурен сум дека сите ние сме слушнале дека вториот Илинден е континуитет и историско продолжение на првиот Илинден. Но колкумина од нас застанале да размислат околу вистинската тежина на овие зборови. НОБ беше борба за самостојна Македонија, а првенците на вториот Илинден ја гледаа подоцна формираната Федеративна Народна Република Југославија како етапа и историска фаза за остварување на крајната цел - независна Македонија, рече во обраќањето македонскиот претседател.

Иванов посочи дека Музејот не потсетува на сето она што претходеше на овие 20 години слободна Македонија, не потсетува на луѓето, на настаните кои го одбележаа долгиот пат кон македонската слобода.

Тој истакна дека отворањето на овој Mузеј е историски настан затоа што ги осветлува скриените периоди од нашата историја, затоа што овозможува сите идни поколенија да научат кои беа Ченто, Брашнаров, Пирузе и многу други за кои, подвлече, ние како генерација дознававме откако станавме возрасни и станавме независна држава, затоа што од нас беа криени со години.

- Но дојде ден кога тоа повеќе не може да се сокрива. Историјата била и останува вистина која може само различно да се интерпретира, но тоа што се случило тоа и останало и тоа не се менува според нечија потреба. Не може други да ни ја пишуваат, препишуваат или искривуваат нашата историја. Тоа што нам ни се случило, тоа е нашата историја. Затоа ова не е Музеј само на една иделогија, ова е музеј на сите идеолошки правци на Македонија што произлегоа од револуционерното движење, од борбата за слобода од Внатрешната македонска револуционерна организација од движењата и организациите кои претходеа и следеа борба за слобода, потенцира Иванов.

Говорејќи дека во Музејот своето место имаат и социјалисти анархисти и комунисти, и конзервативсти, како и, како што рече, и автономисти и федералисти, Иванов оцени дека ова е сведоштво и за злосторствата на некои комунисти кои страдаа од други комунисти, социјалисти, револуционери. Страдаа, рече тој, како борци од Илинденското востание, така и борци од Шпанската граѓанска војна. Го спомена Павел Шатев, гемиџијата, револуционерот, доктор на правни науки, првиот министер за правда на Македонија и илинденец и комунист и патриот.

- Не смееме да дозволиме правта на заборавот повторно да го прекрие големото пожртвувано дело на Шатев и на многубројни македонски родољуби кои неправедно беа обвинувани и оцрнувани, рече Иванов во обраќањето пред Музејот на мадеонската борба.

Претседателот Ѓорѓе Иванов ја постави Декларацијата на независноста од 1991 година во Музејот на македонската борба.

Прославата по повод 20-годишнината од независноста продолжува на Плоштадот „Македонија“ каде треба да се обрати премиерот Никола Груевски и да се отвори фонтаната со споменикот „Воин на коњ“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жената одненадеж се враќа дома и ја затекнува домашната помошничк седната во скутот на мажот и.
Аууу - мажу! - извикува сопругата. Па нема ни половина час како ти ги испеглав...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...