Привршуваат подготовките за Пописот на населението

Скопје, 9 септември 2011 (МИА) - Во завршна фаза влегуваат подготовките за Пописот на населението, домаќинствата и становите што ќе се реализира од 1 до 15 октомври. Претседателката на државна Комисија, Весна Јаневска денеска за МИА изјави дека Пописот ќе почне навреме и оти се надминати сите проблеми со кои се соочија членовите на ова тело поврзани со составот на пописните комисии. 

Денеска почна тридневната обука за државните инструктори за претстојниот Попис, а утре во неколку дневни весници на македонски и на албански јазик ќе биде објавен конкурс за попишувачи, реонски инструктори и комисии на пописен реон.

- Ги повикуваме граѓаните да се пријават на конкурсот. Конкурсот трае пет дена, изјави Јаневска, додавајќи дека предвидено е за Пописот во 2011 да бидат ангажирани над 16.000 попишувачи, а во целокупната операција ќе бидат инволвирани околу 20.000 луѓе. Резултатите се очекува да бидат познати најдоцна пет дена по завршувањето на конкурсот.   

Во врска со проблемите поврзани со составот на пописните комисии, Јаневска изјави дека генерално е прифатен ставот на Владата, но оти е направен компромис за сметка на помалите етнички заедници во одредени општини. 

- Онаму каде што има поголеми заедници од турската, српската, влашката и други заедници во пописните комисии вметнати се припадници од тие заедници за сметка на Македонците и Албанците и постигнавме договор, изјави Јаневска.    

На денешната обука беа презентирани методолошките основи за Пописот кои се изработени и се засноваат на меѓународни препораки. Државните инструктори треба да им ги пренесат сите методолошки основи на теренот односно на реонските инструктори и попишувачите.

- Ние сега ќе одржиме тридневна обука за 170 лица, кои понатаму ќе бидат задолжени да одржат обуки за реонските инструктори, кои во 44 одделни реони дефинирани во законот ќе треба да ја координираат работата. Реонските инструктори ќе треба да одржат обука за попишувачите, изјави директорката на Државниот завод за статистика Благица Новковска. Овие 170 инструктори ќе направат обука за околу 1.670 реонски инструктори, кои пак треба да обучат околу 16.600 попишувачи.

- Во просек еден реонски инструктор ќе има група од околу 10 попишувачи. Тоа е една мрежа на попишувачи која е добро организирана и осмислена, изјави Новковска.

- Се воведуваат нови сетови на прашања од областа на демографијата. Дел од прашањата ќе бидат за причини за миграцијата, познавање на странски јазик, на компјутерите, како и за општоздравствената состојба на населението, изјави Виолета Крстева, раководител на Секторот за социјални статистики при Државниот завод за статистика.

Пописот на населението, домаќинствата и населението во Македонија ќе се одржи од 1 до 15 октомври откако претходно беше одложен од април годинава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...