Топлотен бран од жолта фаза во Македонија

Скопје, 12 септември 2011 (МИА) - Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи денес  и утре се предвидува топлотен бран од жолта, односно алертна фаза, кој ќе ја зафати територијата на целата држава.

Согласно Акциониот план, здравствените институции во државата се кадровски екипирани и опремени со потребната терапија за да се справат со евентуалниот зголемен број на пациенти поради високите температури, соопштуваат од Министерството за здравство.

Оттаму информираат дека остануваат да важат препораките за намалување на ризици врз здравјето од дејството на топлотниот бран. Општи препораки се во текот на ваквите екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка, да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце заштитни очила и капа, при сончање да се користи крема со висок заштитен фактор.

Се препорачува да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна, да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци, при влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри, а хроничните болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија во консултација со матичните лекари.

Поради високите темепратури и зголемената можност за појава на труењата со храна и цревни заразни заболувања, препораките се задолжително миење на земјоделските - градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката. Ако тоа не се направи, така подготвената храна да се стави во фрижидер на +8 степени, а пред употребата истата да се загрее на +100 степени, да се избегнуваат производи кои термички не се обработени како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Информации за топлотните бранови, информираат од Министерството за здравство, континуирано се дистрибуираат на интернет страната "http://www.toplotnibranovi.mk", а граѓаните дополнитени информации може да добијат и на бесплатниот телефон на Црвениот Крст 02/32 21 902 од 10 до 18 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...