Пол Волерс пристигна во Скопје

Скопје, 12 септември 2011 (МИА) - Пол Волерс, шестиот амбасадор на САД во Република Македонија, заедно со својата сопруга, денеска пристигна во Скопје.

Амбасадорот Волерс, како што соошти американската  Амбасада, е дипломат од кариера кого американскиот Сенат на 2 август годинава едногласно го потврди како амбасадор на САД во Република Македонија.

Пред неговата номинација Волерс беше заменик извршен секретар во Стејт департментот. Тој претходно служеше како директор на Канцеларијата за Кавказ и регионални конфликти во Бирото за европски и евро-азиски прашања, беше заменик шеф на мисија и вршител на должноста амбасадор во Амбасадата на САД во Скопје, заменик директор на Штабот на Извршниот секретаријат и виш надзорник во Центарот за операции.

Претходно во својата кариера, амбасадорот Волерс бил на дипломатски позиции во амбасадите на САД во Букурешт, Москва и Никозија. Во Вашингтон, во Бирото за политичко-воени работи, Волерс работеше на прашања поврзани со контрола на оружје, а беше и деск офицер за Бангладеш во Бирото за Јужна Азија.

Тој работел и во Штабот на Извршниот секретаријат. Пред да дојде во Стејт департментот, амбасадорот Волерс служел како офицер во Морнаричката авијација на САД. Има дипломирано на Морнаричката академија на САД и докторирано на Универзитетот Вашингтон.

Волерс на амбасадорската функција доаѓа на местото на Филип Рикер, кој сега е заменик помошник државен секретар во Бирото за Европски и Евроазиски прашања во Стејт Департментот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...