Веќе нема опасност за манастирите Трескавец и кај Зрзе

Прилеп, 12 септември 2011 (МИА) - Пожарите во прилепско-долненскиот регион се се уште активни, но нема опасност за манастирите Трескавец и Свето Преображение кај Зрзе, изјави вечерва за МИА Станко Колески, командир на прилепската противпожарна единица.

- Состојбата е посмирена, нема опасност за манастирите, но сепак, пожарите се се уште активни. Сите екипи остануваат на теренот. Десетина пожарникари се кај Трескавец, а пет кај селото Зрзе, објаснува Колески.

Доброволци од јавните прилепски претпријатија се очекуваат рано изутрина, а треба на помош да стигнат и хеликоптери од Дирекцијата за заштита и спасување.

Со неколкуте пожари екипите на прилепската противпожарна единица и од јавното шумско претпријатие „Црн Бор“ се борат повеќе од 24 часа. Екипите остануваат на терен да ги контролираат стихиите.

Најголемата опасност за манастирските комплекси траеше речиси цел ден. Во вечерните часови прво пожарот беше пренасочен и оддалечен од манастирот Трескавец, а сега е безбедно подалеку огнената стихија и од Свето Преображение кај Зрзе.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...