Нема промена во ставот на САД за името

Скопје, 13 септември 2011 (МИА) - Ставот на САД околу спорот со името не е променет. Ние ја признаваме Република Македонија под нејзиното уставно име. Но, со оглед на значењето на прашањето го поддржуваме процесот за негово решавање што се води под покровителство на ОН и ќе поддржиме секакво решение до кое ќе дојдат Македонија и Грција, изјави новиот американски амбасадор во Македонија Пол Волерс, кој денеска му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседателот Ѓорге Иванов.

Според него, САД се подготвени да дадат совет и поддршка за решавање на овој спор, доколку тоа биде побарано од нив, но оти сепак, како што рече, тоа не е прашање кое треба да го решава друг, туку тоа треба да го сторите самите.

Претседателот Иванов, на церемонијата на предавањето на акредитивните писма, порача дека Македонија е посветена на што поскоро изнаоѓање решение прифатливо за двете страни и оти се надева дека таква подготвеност ќе има и од другата страна.

- Нашите граѓани ги трпат последиците од овој проблем кој Грција го има со нашето име, а кој е целосно неразбирлив, како од перспективата на времето во кое живееме, 21. век, така и од аспект на сите мерки за добра волја, кои до сега Република Македонија ги има преземено за да ги покаже своите добрососедски намери. Но, не сме обесхрабрени, сакаме и веруваме дека до решение може да дојдеме со заемна подготвеност, почитување и придружување до рамката на разговорите, зададена со резолуциите на ОН, рече Иванов.

Тој додаде оти искрено се надева до наредната година на следниот самит на НАТО во Чикаго Македонија ќе си го заземе местото кое и припаѓа.

Амбасадорот Волерс најави помош, поддршка и совети и за неколку други прашања со кои, како што рече, Македонија, како и секоја друга земја, треба да се соочи, кои се важни за секоја демократија, а се однесуваат на владеењето на правото, слободата на медиумите и развојот на граѓанското општество.

- Не би рекол дека Македонија назадува на полето на демократијата. Ова се прашања кои биле тука и претходно, но соочувањето со нив е од голема важност, како за Македонија така и за секоја друга земја. Ние сме тука, како големи пријатели и поддржувачи на Македонија и на нејзините евроатлантски аспирации да дадеме поддршка и совети за унапредување на овие сфери, рече Волерс.

И Иванов и Волерс сметаат дека меѓу Македонија и САД постои вистинско искрено пријателство, добра соработка, која може и натаму да се интензивира и продлабочува.

- Нашето партнерство се темели на идентична  и силна приврзаност кон визии, идеи и вредности. Приврзаноста кон слободата, мирот и демократијата, почитувањето на лчовековите слободи и права, борбата против тероризмот..., рече Иванов.

Пол Волерс е шестиот амбасадор на САД во Република Македонија. Тој вчера заедно со својата сопруга пристигна во Скопје.

Амбасадорот Волерс е дипломат од кариера кого американскиот Сенат на 2 август годинава едногласно го потврди како амбасадор на САД во Република Македонија.

Пред неговата номинација Волерс беше заменик извршен секретар во Стејт департментот. Тој претходно служеше како директор на Канцеларијата за Кавказ и регионални конфликти во Бирото за европски и евро-азиски прашања, беше заменик шеф на мисија и вршител на должноста амбасадор во Амбасадата на САД во Скопје, заменик директор на Штабот на Извршниот секретаријат и виш надзорник во Центарот за операции.

Волерс на амбасадорската функција доаѓа на местото на Филип Рикер, кој сега е заменик помошник државен секретар во Бирото за Европски и Евроазиски прашања во Стејт Департментот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...